петок, ноември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО: Иран ја покажа морнарицата во Ормутскиот теснец

by Redakcija
12.03.2026
in Свет

Иранските вооружени сили објавија видео на кое се гледаат воени бродови, со порака дека Иран има целосна контрола врз стратешкиот Ормутски теснец и дека нема да дозволи премин на бродови од земји кои учествувале во нападите врз државата.

Во соопштението на Централната команда „Хатам ал-Анбија“, единица задолжена за надгледување на воените операции, се наведува дека теснецот е под контрола на поморските сили на Револуционерната гарда.

„Нема сомнение дека Ормутскиот теснец е под мудро управување на храбрите поморски сили на Револуционерната гарда. Американските агресори и нивните партнери немаат право на премин тука“, се наведува во соопштението.

Во видеото, според медиумските извештаи, се гледа најмалку еден брод со руско знаме, но не е познато кога е направена снимката, ниту пак нејзината автентичност е независно потврдена.

Претходно Иран соопшти дека го затвора теснецот за бродови на земји поврзани со нападите на Соединетите Американски Држави и Израел. Ормутскиот теснец е еден од најважните светски морски патишта за транспорт на нафта и енергенси.

Во меѓувреме, нападите врз бродови во регионот продолжуваат. Според британската организација UK Maritime Trade Operations, од почетокот на војната на 28 февруари досега биле нападнати најмалку 13 бродови во Персискиот Залив, Ормутскиот теснец и Оманскиот Залив.

Ноќеска биле нападнати и два брода во близина на ирачкото пристаниште Ум Каср, во близина на Басра, при што едно лице загинало, а 38 се повредени.

За ситуацијата се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека САД веќе постигнале значителен успех во воените операции.

„Ги уништивме сите нивни бродови. Тие сè уште имаат некои ракети, но не многу“, изјави Трамп, додавајќи дека САД ќе продолжат со операциите додека конфликтот не биде целосно завршен.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Трамп: Ги имаме стотиците милијарди долари на Иран и Ормутскиот теснец, повеќе не ни треба договор

13.11.2026

Германските ракети можат да предизвикаат нуклеарна војна со Русија: Франција испрати сериозно предупредување до Берлин

13.11.2026

Пепелниците и казните не се доволни: Европски градови бараат поостра мерка против цигарите

13.11.2026

Руската вакцина против рак покажува охрабрувачки резултати: Кај првиот пациент исчезнале метастазите

12.11.2026

Од Абу Даби директно во Москва: Луѓето на Трамп пристигнаа на разговори со Путин за крај на војната

12.11.2026

Иран се закани со напади врз американски бази во Европа: „Ниту една локација нема да биде безбедна“

12.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Новиот BMW X5 добива спортски изглед со M Performance додатоци

2 месеци ago
pari

ДДВ регистрација задолжителна за компании со промет над 2 милиони денари, велат од УЈП

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Трамп: Ги имаме стотиците милијарди долари на Иран и Ормутскиот теснец, повеќе не ни треба договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германските ракети можат да предизвикаат нуклеарна војна со Русија: Франција испрати сериозно предупредување до Берлин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска се закани со блокада на европскиот пат: Црна Гора предлага меѓународно решавање на граничниот спор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 1.000 километри со едно кратко полнење: ADAC ги откри најдобрите електрични автомобили за долги патувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Римац“ го прекинува производството на „Невера“: Од планираните 190 автомобили ќе произведе само 71

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.