четврток, април 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Сирени во базата Инџирлик: НАТО прогласува црвена тревога во Турција

by Simovski
13.03.2026
in Свет
Сирени во базата Инџирлик: НАТО прогласува црвена тревога во Турција

Рано утрово во југоисточниот дел на Турција, жителите на градот Адана беа разбудени од силниот звук на сирени што се огласија од воздухопловната база Инџирлик, стратешки објект на НАТО, каде се стационирани и американски трупи. Според првичните извештаи, сирените се огласиле околу 3:25 часот и алармот траел околу пет минути, пред базата да биде ставена во црвена тревога.

На социјалните мрежи се појавија видеа од небото каде се гледа светлечки објект што лета кон базата, што го поттикнува впечатокот дека станува збор за проектил насочен кон Инџирлик. Инцидентот доаѓа само четири дена откако турската и НАТО воздушна одбрана собори балистичка ракета, за која се верува дека била испукана од Иран. Следниот ден Турција ја предупреди Иран да не презема провокативни дејства.

СНИМКИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

САД претходно издадоа упатство за затворање на конзулатот во Адана и ги повикаа своите граѓани да ја напуштат југоисточна Турција.

Базата Инџирлик е една од најзначајните НАТО објекти во регионот на Блискиот Исток и источниот Медитеран. Отворена во 1955 година како заедничка турско-американска инсталација, таа игра клучна улога во мисиите на НАТО во Сирија и Ирак. Во неа се стационирани околу 5.000 американски војници, дополнети со турски и други сојузнички трупи.

Инџирлик е позната и како складиште на тактички нуклеарни бомби Б61, дел од програмата „nuclear sharing“ на НАТО. Се проценува дека во базата има 20 до 30 вакви бомби, кои формално се сопственост на САД, но се интегрирани во алијансната стратегија за одвраќање.

Related Posts

ВИДЕО: САД со масовно воено засилување на Блискиот Исток – над 50.000 војници распоредени во регионот

09.04.2026
Санчез повика на суспензија на договорот на ЕУ со Израел по новите напади врз Либан

Санчез повика на суспензија на договорот на ЕУ со Израел по новите напади врз Либан

09.04.2026
Нетанјаху: Израел ќе продолжи со напади врз Хезболах додека не се врати безбедноста во регионот

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со напади врз Хезболах додека не се врати безбедноста во регионот

09.04.2026
Мелони: За Италија и ЕУ е важно враќањето на слободниот транзит низ Ормускиот теснец

Мелони: За Италија и ЕУ е важно враќањето на слободниот транзит низ Ормускиот теснец

09.04.2026
Индија по седум години повторно увезува иранска нафта

Индија по седум години повторно увезува иранска нафта

09.04.2026
„Патот до Атлантида“ на длабочина од 3.000 метри: Колку малку го познаваме морското дно

„Патот до Атлантида“ на длабочина од 3.000 метри: Колку малку го познаваме морското дно

09.04.2026

Препорачани Вести

САД распоредиле огромна воена армада во близина на Иран

САД распоредиле огромна воена армада во близина на Иран

2 месеци ago
Audi го претставува RS 3 Competition Limited: 2.5-литарски турбо-бензинец и тркачки дизајн

Audi го претставува RS 3 Competition Limited: 2.5-литарски турбо-бензинец и тркачки дизајн

3 недели ago

Популарни Вести

  • Вкупен промет од 12,59 милиони денари, најголем пад кај Комерцијална банка (–4,09%), ОМБ непроменет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве кои сектори ќе бидат во фокус на УЈП – Објавен е планот 2026 – 2027

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен шверц на Аеродромот во Скопје – Еве што заплени царината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 75-годишен маж од Гевгелија загина во несреќа со трактор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Стентон градба“ ги заврши хируршките сали во УКЦ „Мајка Тереза“ – реконструираните капацитети веќе се во функција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.