недела, април 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Ноќ на сеќавање во Кочани: Вечерва граѓаните ќе се соберат пред дискотеката  „Пулс“ во 02:15 часот

by Уредник
15.03.2026
in Република

Кочани вечерва ќе одбележи една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Граѓанското здружение „16 март 2025“ најави дека граѓаните ќе се соберат во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“, каде ќе се одржи комеморативен настан во знак на сеќавање на жртвите.


Организаторите повикуваат граѓаните да се соберат во тишина и заедно да оддадат почит за 63-те жртви од трагедијата што го потресе градот и целата држава. Во 02:32 часот, моментот кога започнала катастрофата, ќе биде одржана минута молк.


Настанот е дел од повеќедневната програма со која Кочани ја одбележува годишнината од пожарот во дискотеката, една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата. Во пожарот, што избувна во раните утрински часови на 16 март 2025 година, животот го загубија 63 лица, а над 190 беа повредени.


Во пресрет на годишнината, пред објектот се поставени 63 симболични срца со имињата на загинатите, како потсетник на младите животи што згаснаа таа ноќ.


Граѓаните на Кочани велат дека болката и по една година останува силна, а ваквите собири се начин да се зачува сеќавањето на жртвите и да се испрати порака дека трагедијата никогаш нема да биде заборавена.

Related Posts

Проданоски: Нека светлината на Воскресението донесе мир и радост во секој дом

11.04.2026

Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден

11.04.2026

Земјотрес во источна Македонија

11.04.2026

Проданоски: Прилеп е симбол на воената традиција и чест

10.04.2026

Коњановски: Стадионот „Петар Милошевски“ е гордост на Битола и еден од најубавите на Балканот

10.04.2026

Проданоски: Велигден нека донесе мир и радост во секој дом

09.04.2026

Препорачани Вести

САД предупредуваат: Западен Балкан останува жариште на Руски влијанија

3 недели ago

Прислушувањето на Сијарто предизвикува дипломатски скандал во Унгарија

3 недели ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Нека светлината на Воскресението донесе мир и радост во секој дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто осум министри за правда Албанци не го отворија прашањето за испит на албански

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велигденско примирје меѓу Русија и Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физичка пресметка пред хотел во Аеродром по расправија меѓу вработени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во Скопје оштети три возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.