среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Две мали деца се затруле со хемикалија – Пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

by Redakcija
16.03.2026
in Црна Хроника

Две деца на возраст од три и четири години се хоспитализирани откако се затруле со опасна течност која се користи за третирање на земјоделски култури. Случајот се случил во околината на Куманово и предизвикал вознемиреност кај локалното население.

Според информациите, случајот бил пријавен вчера околу пладне, кога дежурен лекар од Општата болница во Куманово ја известил полицијата дека две деца биле донесени со симптоми на труење. Се претпоставува дека тие дошле во контакт и консумирале течност наменета за земјоделска употреба.

Поради сериозноста на ситуацијата, лекарите веднаш реагирале и, иако децата првично биле во стабилна состојба, одлучиле да бидат пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување и следење.

Малите пациенти со возило на Итната медицинска помош биле транспортирани на Универзитетската клиника за детски болести, каде им е укажана соодветна медицинска нега и се преземаат мерки за детоксикација.

Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои децата дошле во контакт со опасната хемикалија. Надлежните апелираат до граѓаните ваквите супстанции да се чуваат на безбедно место, недостапно за деца.

Related Posts

Полицијата апсеше на разлипни локации – Лишени од слобода 10 лица

29.09.2026

Трагедија кај Струмица: Маж загина откако со „форд“ излетал од патот

29.09.2026
Без возачка, но зад волан: 25-годишник направи хаос во Тетовско, повредено и мало дете

Мотоциклист и сопатник тешко повредени во судир со „голф“ кај Тетово

29.09.2026

ВИДЕО – Пушки, снајпер, пиштоли и знаме на ИСИС пронајдени во Скопје: Тројца пријавени за тероризам

29.09.2026

Војниците „уапсија“ четворица Полјаци кои со четирицикли упаднале кај воените магацини во Еребино

29.09.2026

Поранешна партнерка му дошла дома и го нападнала – 36-годишен скопјанец пријавил физички напад

29.09.2026

Препорачани Вести

Меланија Трамп апелира за мир: Единството е единствениот одговор на кризата во Минесота

8 месеци ago

Гордоста на американската морнарица најголемиот носач на авиони „USS Gerald Ford “ пристигна во Израел

7 месеци ago

Популарни Вести

  • ДО ОВОЈ ДАТУМ УЖИВАЈТЕ ВО УБАВА ЕСЕН, а потоа се очекуваат вакви промени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата апсеше на разлипни локации – Лишени од слобода 10 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија кај Струмица: Маж загина откако со „форд“ излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мотоциклист и сопатник тешко повредени во судир со „голф“ кај Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Планирани прекини на струјата во Брвеница, Теарце и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.