вторник, март 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Продолжува судскиот процес за пожарот во „Пулс“ со сослушување на нови сведоци

by Simovski
17.03.2026
in Македонија

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во затворот „Идризово“, каде што се очекува да сведочат лица предложени од Јавното обвинителство. Овој предмет се однесува на катастрофата во која животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

На изминатото рочиште пред судот искази дадоа двајца сведоци. Меѓу нив беше и Трајче Димишковски, поранешен ангажиран во агенцијата за обезбедување „Рубикон“ во периодот од 2023 до август 2025 година. Тој детално ја опиша внатрешната комуникација во службата, начинот на распределба на персоналот, како и улогата на професорот Александар Нацев, кој, според неговото сведочење, давал насоки за постапување при масовни настани и укажувал на законските обврски на обезбедувачите.

Пред судот претходно сведочеше и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување од подрачното одделение во Виница. Неговиот исказ откри сериозни пропусти во безбедносните стандарди на објектот како недостиг на противпожарна опрема, нефункционален хидрант и заклучен спореден излез. Дополнително, тој посочи дека Општина Кочани повеќе од десет години немала назначен инспектор за заштита и спасување, а надзор во други општини се вршел исклучиво со писмена наредба од надлежните.

Трагедијата се случи на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група ДНК, и се вбројува меѓу најтешките несреќи во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка, во рамки на која обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, ќе настојува да ги поткрепи своите тврдења преку сведочења.

Related Posts

По соопштението на СДСМ, Шилегов најавува дека ќе се огласи утре

По соопштението на СДСМ, Шилегов најавува дека ќе се огласи утре

17.03.2026
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили

Во МНТ утре комеморација во чест на Кирил Поп Христов

17.03.2026

Родителите на починатите бараат правда: Потребно е да се разграничи пренатрупаниот судски процес и да се утврди кој бил директно инволвиран

16.03.2026

Од утре се враќа зимата: дождови, пониски температури и снег на планините

16.03.2026
Муцунски и Хоџа разговараа за положбата на македонското малцинство во Албанија, билатералните односи и европската перспектива

Муцунски и Хоџа разговараа за положбата на македонското малцинство во Албанија, билатералните односи и европската перспектива

16.03.2026
Патот до Галичник пробиен, но внимателно поради остатоци од снег и одрони

Патот до Галичник пробиен, но внимателно поради остатоци од снег и одрони

16.03.2026

Препорачани Вести

Етиопија го гради најголемиот аеродром во Африка: Мега-инфраструктурен проект вреден 12,5 милијарди долари

Етиопија го гради најголемиот аеродром во Африка: Мега-инфраструктурен проект вреден 12,5 милијарди долари

1 месец ago
Медведев: „Русија нема интерес да предизвика глобален судир“

Медведев: „Русија нема интерес да предизвика глобален судир“

1 месец ago

Популарни Вести

  • Висок ирански функционер беше целта на иранските воздушни напади врз Иран

    Висок ирански функционер беше целта на иранските воздушни напади врз Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Традиционален манастирски колач – идеален за строг пост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израелски напади врз Техеран и Либан, Иран возврати со напад врз Амбасадата на САД во Багдад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен мотоциклист од Македонија кој се движел со со 223 км/ч на автопат во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По соопштението на СДСМ, Шилегов најавува дека ќе се огласи утре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.