вторник, септември 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Туркије и во 2026 останува водечка туристичка дестинација: Година на култура, спорт и врвни настани

by Redakcija
17.03.2026
in Магазин

Комбинацијата од фасцинантни плажи, културно наследство, развиена туристичка инфраструктура, атрактивни искуства низ цела година, гостопримство иврвна гастрономска понуда, продолжува да ги носистранските туристи во Туркије. Од вечниот град, Истанбул, до познатите самовилски оџаци во Кападокија или сончевите брегови на Анталија, земјата и натаму потврдува зошто го носи епитетот врвна туристичка дестинација. Лесно достапна од сите делови на светот, Туркије останува сигурна дестинација за туристи од целиот свет и важен центар за големи меѓународни настани. За оваа година е предвиден богат календар на светски конференции, големи концерти и спортски натпревари, што дополнително ќе ја оживее туристичката сцена.

Не случајно Истанбул, со директните летови од главните светски транспортни центри, е првиот избор за организација на вакви манифестации. Од април до крајот на годинава во градот се планирани Истанбулскиот филмски фестивал, водечкиот Саем за современа уметност, Акбанк џез фестивалот, Истанбулскиот театарски фестивал, Истанбулскиот музички фестивал, како и Истанбулскиот џез фестивал, чии нови изданија подготвено ќе ги дочекаат љубителите на уметноста и културата. Живата музика ќе остане во центарот на уметничката сцена, со настапи на светски музички ѕвезди во текот на целата сезона 2026. На пример, за мај се најавуваат концертите на Андреа Бочели и Канје Вест, за јуни се планирани настапите на Скорпионс и Пет Шоп Бојс, јули е резервиран за перформансот на Горилас, додека, пак, за септември се очекува концертот на Блек Кис.

Нема да изостанат ниту спортските настани, а меѓу најзначајните се издвојуваат Финалето на Лигата на Европа на УЕФА во мај, Босфорската меѓуконтинентална пливачка трка во август, Европското првенство во одбојка за жени 2026 во август и септември, како и велосипедските трки Истанбул Тур и турската етапа на Тур д’Франс во септември, а меѓу октомври и ноември, пак, ќе се одржи и Претседателската меѓународна јахтинг трка.

Врвни настани со разновидна програма се планирани и за другите делови од Туркије. Особено се издвојуваат Фестивалите на културната рута, дел од Европска асоцијација на фестивали, кои ќе траат осум месеци, а оваа година го одбележуваат своето шесто издание. Овој голем фестивалски циклус ќе почне во април во Шанлıурфа, а ќе заврши во ноември во Адана, опфаќајќи вкупно 26 градови.

Една од највпечатливите дестинации за значајни настани е Анталија, позната по својата блага клима во текот на целата година. Покрај културните настани како светски познатиот Фестивал за опера и балет Аспендос, градот во ноември ќе биде домаќин и на големи меѓународни собири, меѓу кои Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени, како и Меѓународниот астронаутски конгрес. Со своите бројни можности за спорт, градот ќе биде домаќин и на значајни спортски настани како Тур на Анталија, Ранталија маратон, како и голф-турнирот Туркиш ерлајнс опен. Разновидна понуда на настани има и во Мугла, каде што Бодрум се издвојува со меѓународниот џез фестивал, а Мармарис и Фетије се познати по своите Ултра Трејл трки во април. Во Измир годината ќе биде исполнета со концерти, меѓу кои настапот на Крис Ајзак во јуни, но и со популарниот Алачати Херб Фестивал, кој секоја пролет се одржува на полуостровот Чешме.

Подалеку од крајбрежјето, најдобар начин да се доживеат волшебните карпести формации на Кападокија е посетата на Фестивалот на балони со топол воздух во јули, додека во октомври, Саломон Кападокија Ултра Трејл, кој се одржува по 13-ти пат, привлекува тркачи и авантуристи од целиот свет. Во април посетителите можат да учествуваат на Карневалот на цветови од портокал во Адана, а Коња, пак, секоја година е домаќин на Фестивалот на Мевлана со вртечките дервиши, кој нуди културно искуство со вековни традиции.

…

Related Posts

Овој појадок е добар за црниот дроб: Лекарка открива што треба да има во чинијата

15.09.2026

Истражувач тврди дека открил „скриен код“ во Големата пирамида во Гиза

15.09.2026

Внимание, не го игнорирајте овој знак во Германија – за само 13 минути напишани казни од речиси 10.000 евра

15.09.2026

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

15.09.2026

Дневен хороскоп за 15 септември: Ден за важни одлуки, љубовни пресврти и нови можности

15.09.2026

Каролина Гочева и „Елита 5“ утре со голем концерт на плоштадот во Тетово

14.09.2026

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Поројните врнежи предизвикаа невреме во Кочани

(ВИДЕО) Поројните врнежи предизвикаа невреме во Кочани

4 месеци ago
Без струја делови од Шуто Оризари, Карпош и Центар

Без струја делови од Шуто Оризари, Карпош и Центар

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Албанија откриена огромна статуа на илирската кралица Теута

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,28 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Катар предупредува на нов глобален шок: Што ќе се случи ако Хутите го блокираат Баб ел-Мандеб?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски генерал загинал во украински напад врз штаб во Доњецк?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.