среда, март 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Вештакот во „Онкологија“: Неколку пациенти добиле терапија спротивно на препораките

by Redakcija
18.03.2026
in Македонија

На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, вештакот Милан Ристески сведочеше за терапиите и протоколите на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, истакнувајќи низа неправилности во медицинската документација и изборот на лекови.

Ристески посочи дека кај 12 пациенти терапијата била применета спротивно на индикациите, без никаква корист и на нивна штета. „Има пациенти што требало да добијат ‘пембролизумаб’, а не добиле, особено во групата на пациенти со рак на бубрегот. Не може да се фаворизираат пациенти според индикацијата и достапноста на терапијата“, рече вештакот.

Одбраната упати забелешки дека Ристески дава стручна оценка за одлуки донесени од искусни лекари и дека неговото ангажирање како вештак дошло кратко по добивањето на лиценцата. Ристески, од своја страна, нагласи дека претходно немало забелешки за неговата работа.

На претходното рочиште, Ристески истакна отстапувања во делот на недоволно документирани податоци за состојбата на пациентите и објаснувања за изборот на терапија. Новите генерациски лекови, како „пембролизумаб“ и „цетуксимаб“, почнале да се применуваат од 2018 година, претходно достапни само преку интервентен увоз или посебни програми на Министерството за здравство.

Случајот „Онкологија“ се води против поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, и уште тројца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Обвинението ги товари лекарите за неправилно применети терапии кај 29 пациенти. Судењето продолжува на 31 март.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката, Нехад Нухи, се води посебен процес „Онкологија 2“ за незаконска набавка и присвојување лекови во периодот 2018–2022 година, со штета за буџетот од речиси 36 милиони евра.

Related Posts

Советот на јавни обвинители едногласно го поддржа Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

18.03.2026
Почнува судењето за смртта на Ивана и Катја: Првото рочиште закажано за 30 март во Кривичен

Почнува судењето за смртта на Ивана и Катја: Првото рочиште закажано за 30 март во Кривичен

18.03.2026

Изборот на обвинител е тест за враќање на довербата во правосудството, вели Јаулевски

18.03.2026
Николоски за Савески: Професионалец без дамка во кариерата

Николоски за Савески: Професионалец без дамка во кариерата

18.03.2026

Деребан за Курир: Жртвите на семејно насилство мора да знаат дека државата стои зад нив

18.03.2026

Заврши евакуацијата: Над 600 Македонски граѓани се вратија од кризното подрачје на Блискиот Исток

18.03.2026

Препорачани Вести

Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

2 месеци ago

Утре дел од Скопје – Центар без струја

3 недели ago

Популарни Вести

  • Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештакот во „Онкологија“: Неколку пациенти добиле терапија спротивно на препораките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Убие уште еден висок функционер на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија: Европа му го покажа своето вистинско лице на Трамп – маските паднаа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожарот на УСС Џералд Р. Форд траел повеќе од 30 часа – сериозни оштетувања и повредени морнари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.