недела, април 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Врховниот суд пресече: Останува казната од 13 години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“

by Уредник
18.03.2026
in Црна Хроника

Врховниот суд ја одби жалбата на возачот кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, со што останува во сила затворската казна од 13 години.
Првостепено, Основниот кривичен суд Скопје му изрече казна од 12 години затвор, но подоцна Апелациониот суд ја зголеми казната на 13 години, оценувајќи дека тежината на делото бара построга санкција.


Според обвинението, трагедијата се случила на 29 јануари 2025 година, кога обвинетиот управувал автомобил без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од околу 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“. На пешачки премин и на црвено светло удрил во 22-годишната Фросина Кулакова, која преминувала на зелено светло за пешаци.


Од силата на ударот, девојката се здобила со тешки повреди и починала на лице место, што предизвика силна реакција во јавноста и протести со барање за правда и поголема безбедност на улиците.
Со одлуката на Врховниот суд, правната битка на обвинетиот да ја намали казната завршува неуспешно, а затворската казна од 13 години останува на сила.


Случајот со трагичната смрт на Фросина Кулакова предизвика широка јавна дебата за сообраќајната безбедност, одговорноста на институциите и казнената политика за тешки сообраќајни несреќи.

Related Posts

Физичка пресметка пред хотел во Аеродром по расправија меѓу вработени

11.04.2026

Пожар во Скопје оштети три возила

11.04.2026

Пет лица приведени во Скопје – МВР со детали

11.04.2026

Инцидент во скопско: 16-годишник нападнал соселанец со нож

11.04.2026

Полициска акција во Гостивар – Уапсени две лица

11.04.2026

Трагедија во Скопје: Загина 65-годишен маж

11.04.2026

Препорачани Вести

Македонскиот академик Панче Наумов е на листата на 2% највлијателни научници во светот

Македонскиот академик Панче Наумов е на листата на 2% највлијателни научници во светот

2 месеци ago
Исчезнат е Виктор Илиоски од Прилеп – семејството апелира за помош од јавноста

Исчезнат е Виктор Илиоски од Прилеп – семејството апелира за помош од јавноста

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Нека светлината на Воскресението донесе мир и радост во секој дом

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто осум министри за правда Албанци не го отворија прашањето за испит на албански

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велигденско примирје меѓу Русија и Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физичка пресметка пред хотел во Аеродром по расправија меѓу вработени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во Скопје оштети три возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.