недела, септември 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Врховниот суд пресече: Останува казната од 13 години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“

by admin
18.03.2026
in Црна Хроника

Врховниот суд ја одби жалбата на возачот кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, со што останува во сила затворската казна од 13 години.
Првостепено, Основниот кривичен суд Скопје му изрече казна од 12 години затвор, но подоцна Апелациониот суд ја зголеми казната на 13 години, оценувајќи дека тежината на делото бара построга санкција.


Според обвинението, трагедијата се случила на 29 јануари 2025 година, кога обвинетиот управувал автомобил без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од околу 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“. На пешачки премин и на црвено светло удрил во 22-годишната Фросина Кулакова, која преминувала на зелено светло за пешаци.


Од силата на ударот, девојката се здобила со тешки повреди и починала на лице место, што предизвика силна реакција во јавноста и протести со барање за правда и поголема безбедност на улиците.
Со одлуката на Врховниот суд, правната битка на обвинетиот да ја намали казната завршува неуспешно, а затворската казна од 13 години останува на сила.


Случајот со трагичната смрт на Фросина Кулакова предизвика широка јавна дебата за сообраќајната безбедност, одговорноста на институциите и казнената политика за тешки сообраќајни несреќи.

Related Posts

Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид–Ресен, двајца се во тешка состојба

Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид–Ресен, двајца се во тешка состојба

20.09.2026
МВР: ПРИВЕДЕН ВОЗАЧОТ НА „МЕРЦЕДЕСОТ“ ПО ТРАГЕДИЈАТА КАЈ АГИНО СЕЛО: Двајца загинаа, тројца се повредени

МВР: ПРИВЕДЕН ВОЗАЧОТ НА „МЕРЦЕДЕСОТ“ ПО ТРАГЕДИЈАТА КАЈ АГИНО СЕЛО: Двајца загинаа, тројца се повредени

20.09.2026

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ АГИНО СЕЛО: Двајца загинати, тројца повредени, приведен возачот на „Мерцедесот“

20.09.2026

Дрон двапати влетал во спална соба во Кочани: Семејството се сомнева дека било снимано

19.09.2026

Палеле кабли кај „Буково“ за да вадат бакар – обвинителството бара притвор

19.09.2026

Акција на полицијата во Скопје – Претрес и апсење

19.09.2026

Препорачани Вести

Започна исплатата на априлските пензии

5 месеци ago

Од 7.000 до 10.000 денари за првачињата во овие општини: Поддршка за семејствата пред почетокот на учебната година

3 недели ago

Популарни Вести

  • Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид–Ресен, двајца се во тешка состојба

    Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид–Ресен, двајца се во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Младите во Македонија се осамостојуваат дури на 31-та година – меѓу последните во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР: ПРИВЕДЕН ВОЗАЧОТ НА „МЕРЦЕДЕСОТ“ ПО ТРАГЕДИЈАТА КАЈ АГИНО СЕЛО: Двајца загинаа, тројца се повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ АГИНО СЕЛО: Двајца загинати, тројца повредени, приведен возачот на „Мерцедесот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ХАОС НА МОСКОВСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Над 400 летови доцнат по најголемиот украински напад со дронови врз руската престолнина досега

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.