четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ АГИНО СЕЛО: Двајца загинати, тројца повредени, приведен возачот на „Мерцедесот“

by Уредник
20.09.2026
in Црна Хроника

Две лица загинаа, а уште три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово – Скопје, во близина на Агино Село.

Според информациите од СВР Куманово, несреќата била пријавена на 19 септември 2026 година, околу 21:35 часот. Судирот се случил на автопатот Куманово – Скопје, во насока кон Скопје, во атарот на селото Агино Село.

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (65) од Скопје, и патничко возило „опел корса“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (27) од Скопје.

На местото на несреќата починале В.Н. (49) и Л.М. (71), двајцата од Скопје, кои биле сопатници во „опел корсата“.

Сопатничката Л.Н. (48) се здобила со тешки телесни повреди, додека Б.Н. (28) и С.Н. (27), исто така сопатници во „опел корсата“, се здобиле со телесни повреди.

Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им била укажана медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“, М.М., бил лишен од слобода.

Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во интервенцијата на местото на несреќата учествувале и петмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Граѓаните плаќале за регистрација, парите не стигнувале до институциите: Управител осомничен за проневера на 675.000 евра

05.11.2026

Објавувал епизоди од ТВ-серија на Фејсбук без дозвола: Кривична пријава против скопјанец

05.11.2026

Голема акција утрово во Македонија – падна познат криминалец

05.11.2026

Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

04.11.2026

Агресивно се однесувал во локал во тетовски трговски центар, завршил во полициска станица

04.11.2026

МВР со детали за трагедијата во Богданци

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(ВИДЕО) Хорор во Индија: Разјарен слон дивееше два часа – едно лице загина во хаосот

6 месеци ago
Српските државјани денеска гласаат во Скопје и Куманово: Србија избира нов парламент на историски избори

Српските државјани денеска гласаат во Скопје и Куманово: Србија избира нов парламент на историски избори

2 недели ago

Популарни Вести

  • МВР и ДЕА помогнале во заплена на над 300 килограми кокаин во Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп е домаќин на меѓународна конференција за здравствени и социјални услуги

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Навремената реакција на терен е приоритет за зимската служба во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кејн останува во Минхен: Баерн го задржува својот голгетер до 2029 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога е „Црниот петок“ во 2026 година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.