четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Најдобро чуваната шопинг тајна е откриена: Pepco доаѓа во Скопје овој јуни!

by Redakcija
19.03.2026
in Економија

Обележете го јуни во вашите календари, бидејќи првите продавници на Pepco во Скопје се подготвени да станат дестинација број еден за сите што бараат квалитетна облека и производи по најдобри цени на пазарот. Со ова, Скопје станува дел од големата приказна на брендот кој веќе 22 години ги освојува срцата на потрошувачите низ цела Европа.

Скопје, 19.03.2026 -Pepco, еден од водечките паневропски дисконтни ланци за разновидни производи, потврди дека во јуни 2026 година влегува на македонскиот пазар, со план првите продавници да бидат отворени во Скопје. Доаѓањето на овој гигант на нашиот пазар, како 19-та европска дестинација на нивната мапа, не е само бизнис вест, тоа е најава за нова шопинг ера во нашето секојдневие.

За милиони потрошувачи низ Европа, Pepco стана омилена дестинација за секојдневните потреби – место каде семејствата уживаат во мода, производи за домот и практични предмети кои се во чекор со трендовите, со висок квалитет и достапни цени. По серијата рекордни успеси во регионот, конечно е наш ред да уживаме во неодоливите декоративни парчиња и тренди модни наоди кои изгледаат како да се симнати од насловна страница на магазин, по цени кои се уште попривлечни.

Ова лансирање го означува дебито на Pepco во Македонија и претставува уште една значајна точка во амбициозната стратегија за раст на Групацијата, фокусирана на внимателна експанзија низ Централна и Источна Европа, како и селективен влез на нови географски подрачја.

Глобална стратегија со локално срце

Pepco во моментов управува со над 4.000 продавници во 18 европски земји, опслужувајќи повеќе од 36 милиони потрошувачи месечно. Компанијата продолжува со силните перформанси во Централна и Источна Европа и гледа капацитет за дополнителни продавници во регионот, вклучувајќи го и растот на нови пазари како што е македонскиот.

„Северна Македонија веќе некое време е на нашата мапа за експанзија. Влезот на овој пазар е природен следен чекор во развојот на Pepco, надоврзувајќи се на нашето силно присуство низ Централна и Источна Европа и соседните земји како Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина“, изјави Марцин Станко, главен оперативен директор за Централна и Источна Европа. „Нашата цел е едноставна: да го олесниме секојдневието на потрошувачите нудејќи квалитетна облека и производи за широка потрошувачка по најдобри цени на пазарот. Возбудени сме што ќе им ја претставиме оваа понуда на македонските семејства и што ќе отвориме продавници кои се во близина, лесно достапни и едноставни за купување.“

Зошто сите зборуваат за Pepco?

Влезот на Pepco во Македонија доаѓа во период на силен оперативен и финансиски моментум за Групацијата. По стратешкото пренасочување на фокусот на својот основен бренд Pepco, компанијата го забрзува профитабилниот раст преку поедноставен и скалабилен формат на продавници, дисциплинирана алокација на капиталот и зајакната понуда за потрошувачите, насочена кон ценовно лидерство и достапност на производите кои ги задоволуваат потребите на модерното семејство.

Додека брендот бележи силен раст во земјите од Западна Европа, регионот на Централна и Источна Европа исто така покажува огромен потенцијал, потпирајќи се на силната и широко распространета препознатливост на брендот на голем број локални пазари. Стратегијата на Pepco јасно вклучува отворање нови продавници како во веќе етаблираните земји, така и на нови пазари како што е Северна Македонија, поддржано од високиот поврат на инвестициите и кратките периоди на исплатливост.

Јуни е веќе блиску, а Скопје се подготвува за својата нова омилена шопинг локација. Подгответе се да ја откриете уметноста на паметното купување.

За Pepco

Pepco е водечки паневропски дисконтен ланец за разновидни производи со над 4.000 продавници во 18 земји, кој нуди облека за целото семејство, како и покуќнина и играчки по исклучително привлечни цени. Основана пред 22 години во Полска, компанијата денес е дел од Pepco Group. Pepco во моментов вработува над 32.000 луѓе и опслужува 36 милиони потрошувачи месечно.

Pepco Group котира на Варшавската берза (WSE: PCO). www.pepcogroup.eu 

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ЕУ бара усогласување со политиките за критични суровини, Македонија треба да го отвори патот за нови рударски инвестиции

05.11.2026

Пониски приходи и добивка на Реплек, со раст на домашната продажба

05.11.2026

Божиновска: Европската комисија нотира напредок во енергетиката, обновливите извори достигнаа 58,22 отсто од инсталираната моќност

05.11.2026

Народна банка: Позитивни оценки од ЕК за банките и напредок во европските платежни системи

05.11.2026

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ЛЕТО ВО АПРИЛ? Македонија под сонце и температури до 25°C – еве што нè чека денес!

7 месеци ago

Ова е новиот Врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕУ бара усогласување со политиките за критични суровини, Македонија треба да го отвори патот за нови рударски инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Со заедничка работа на општината и министерствата ќе ги придвижиме проектите во Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пониски приходи и добивка на Реплек, со раст на домашната продажба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.