сабота, април 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

30 дена притвор за директорот на Инспекторатот за земјоделство, осомничен за примање поткуп

by Redakcija
20.03.2026
in Црна Хроника

Основниот кривичен суд Скопје експресно го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, В.А.

Како што информираат од обвинителството, притворот е определен по три основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.

Според досегашните сознанија од истрагата, осомничениот во текот на месецов, во својство на службено лице, барал значителна имотна корист со цел да влијае врз службени постапки поврзани со увоз на стока. Тој наводно вршел притисок врз други службени лица да го спречат увозот за одредена фирма, иако претходно стоката редовно се увезувала.

Како причина за блокадата било наведено дека стоката не ги исполнува законските услови, поради што таа со денови била задржана на граничен премин.

Откако увозникот побарал дополнителни појаснувања, осомничениот, според истрагата, побарал поткуп во износ од 50.000 евра како прва рата, со договор остатокот да биде исплатен за идни увози.

Парите биле предадени преку посредник – шпедитер, по што веднаш интервенирала полицијата и го лишила осомничениот од слобода.

Од Обвинителството посочуваат дека постојат доволно околности кои го оправдуваат притворот, додека истрагата продолжува и се разгледува можноста за поширока вмешаност во случајот.

…

Related Posts

Трагедија во Скопје: Загина 65-годишен маж

11.04.2026

Апсење и претрес во Делчево – МВР со детали

11.04.2026

Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

10.04.2026

Десет возачи лишени од слобода во едно деноноќие за безобѕирно возење

10.04.2026

Тепачка меѓу девојки во Карпош: 18-годишна девојка приведена

10.04.2026

Инцидент на кошаркарски меч: 24-годишник повреди 13-годишно дете

10.04.2026

Препорачани Вести

„Ауди“ излетало од коловозот – возачот е тешко повреден

2 месеци ago
Како шпанската регија стана едно од најсигурните дестинации за туристите во 2026 година?

Како шпанската регија стана едно од најсигурните дестинации за туристите во 2026 година?

4 недели ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Владата ја поттикнува дигиталната трансформација на финансискиот систем

    Мицкоски со убави вести за возачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија под притисок – 6 месеци рок за исправка на ‘неправдата’ кон Македонците“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦО „СВ. ПРОХОР ПЧИНСКИ И СВ.АП. ВАРТОЛОМЕЈ“ ВО ПЈАЧЕНЦА – РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА СО СВОЈ ДУХОВЕН ЦЕНТАР И СПОРТСКИ КОМПЛЕКС ОКОЛУ ХРАМОТ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран со нов ултиматум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американска воена стратегија: аналитичари предупредуваат на нова фаза на конфликтот со Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.