сабота, ноември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Цените на нафтата повторно дивеат – премината психолошката граница

by Redakcija
24.03.2026
in Економија

Цените на нафтата повторно бележат раст на азиските пазари, при што суровата нафта од типот Брент ја надмина психолошката граница од 100 долари за барел. Зголемувањето доаѓа по новите геополитички тензии, откако Иран ги демантираше наводите за разговори со САД за прекин на конфликтот во Персискиот Залив.

Ова доаѓа во контекст на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно посочи дека постои можност за скорешен договор за прекин на огнот.

Фјучерсите за „брент“ нафтата, која е репер за европскиот пазар, пораснаа за околу 4 долари или 4 проценти, достигнувајќи 103,94 долари за барел. Истовремено, американската лесна сурова нафта поскапе за 3,49 долари, односно исто така за околу 4 проценти, и се тргуваше по цена од 91,62 долари за барел.

Само еден ден претходно, цените на нафтата паднаа за повеќе од 10 проценти, откако Трамп најави петдневно одложување на планираните американски напади врз ирански енергетски објекти, посочувајќи дека биле постигнати одредени напредоци во комуникацијата со ирански претставници.

Пазарните аналитичари оценуваат дека ваквото одложување привремено ја намалило таканаречената „воена премија“ во цената на нафтата, но неизвесноста останува висока.

Според експертите, клучен ризик за пазарите и понатаму е безбедноста на пловидбата низ Ормускиот теснец, кој претставува една од најважните глобални рути за транспорт на нафта. Секое дополнително влошување на состојбата во регионот може повторно да предизвика остри ценовни шокови на светските пазари.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Голем пад на биткоинот и американските берзи: Што се случува со светските финансиски пазари?

21.11.2026

Сакате сопствен имот во Грција или Шпанија? Еве кои се правилата за странските купувачи

21.11.2026

Љатифи: Продолжуваме со стратешките проекти за посигурен и постабилен електропреносен систем

20.11.2026
Растат депозитите и кредитите на граѓаните: Станбените за една година повисоки за 15,9 отсто

Растат депозитите и кредитите на граѓаните: Станбените за една година повисоки за 15,9 отсто

20.11.2026
Едни со просечна плата од 88.787 денари, други со 35.447: Кои се најплатените и најмалку платените сектори во Македонија?

Едни со просечна плата од 88.787 денари, други со 35.447: Кои се најплатените и најмалку платените сектори во Македонија?

20.11.2026
Владата пресмета 59.149 денари, Синдикатот 70.358: Зошто се разликуваат кошничките за октомври?

Владата пресмета 59.149 денари, Синдикатот 70.358: Зошто се разликуваат кошничките за октомври?

20.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Меџити: Со спомен-плоча за Адолф Ќиборовски му оддадовме признание за зачувувањето на Старата скопска чаршија

4 месеци ago

Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Претрес во Штип: Уапсен 33-годишник – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Естонија ја затвора границата со Русија најмалку шест месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца пензионери месечно добиваат над 6.000 евра, но едниот оди во друга држава за да пазари поевтино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во Делчево: Се реконструира здравствениот дом, започнува обновата на спортската сала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пад на биткоинот и американските берзи: Што се случува со светските финансиски пазари?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.