СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“.
Според информациите, на 03.02.2026 година, на пат во близина на Битола и во самиот град, пријавените организирале ненајавен собир, при што со поголема група граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.
Истиот ден, во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, додека четвртопријавениот го снимал настанот со мобилен телефон.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.












