ЕВН Македонија известува дека денеска ќе се извршат планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, што ќе предизвика привремено исклучување на електричната енергија на одредени локации во Скопје.
Корисниците на дел од улицата „Алжирска“ во општина Карпош, ќе останат без струја во периодот од 9 до 14 часот. Во меѓувреме, во општина Сопиште, во населбата Долно Соње, електричната енергија ќе биде привремено прекината од 9 до 12 часот на улица број 8 и на дел од улица број 12.
ЕВН нагласува дека станува збор за однапред планирани прекини поради технички интервенции и дека нема причина за загриженост, бидејќи не се работи за хаварија.












