недела, ноември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Австралија воведува привремена забрана за туристички визи за ирански државјани

by Redakcija
25.03.2026
in Свет
Австралија воведува привремена забрана за туристички визи за ирански државјани

Австралија од утре воведува привремена забрана за влез на државјаните на Иран кои патуваат со туристички визи, објави во средата министерот за внатрешни работи. Како што истакна, постои зголемена загриженост дека дел од привремените посетители од Иран би можеле да останат во земјата и по истекот на дозволата за престој.

Новата мерка, која ќе важи шест месеци, стапува на сила в четврток и ќе ги ограничува влезовите на туристи од Иран. Исклучок ќе има за лица кои имаат долгорочни визи, како и за оние што веќе имаат блиски членови од семејството, деца или брачни партнери, што живеат во Австралија.

„Ова е одлучна акција во интерес на нашата држава, особено во време на брзи глобални промени“, изјави министерот Берк, објаснувајќи ја логиката зад новата политика.

Според податоците што ги изнесе, околу 7.000 Иранци во моментов се наоѓаат во „туристичка“ категорија со важечки визи за Австралија.

Оваа одлука доаѓа во услови на зголемено внимание кон имиграциските прашања по неодамнешниот случај во кој седум членови на женската фудбалска репрезентација на Иран побараа политички азил во Австралија. Пет од нив подоцна го повлекоа своето барање за заштита, но тој инцидент, според експертите, ја забрза реакцијата на властите.

Сенаторот Дејвид Шобриџ остро ја критикува владината одлука, опишувајќи ја како „сурова и неправедна“, со цел да се спречи нови Иранци да побараат азил на австралиска територија, по примерот на фудбалерките.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Русија под масовен напад со над 1.200 дронови: Украина првпат употреби ново ласерско оружје против руски беспилотни летала

28.11.2026
Макрон: „Европа е барем секогаш предвидлива во меѓународните односи“

Русија ја потиснува Франција од пазарите за жито: Макрон предупреди на сериозни економски последици

28.11.2026

Павел со остро предупредување до Москва: НАТО треба да ги соборува руските ракети и дронови

27.11.2026

Италија забрани носење бурка и никаб во училиштата: Усвоени нови правила и за странските ученици

27.11.2026

Зеленски со итно предупредување до Украинците: Русија подготвува нов масовен напад во наредните денови

27.11.2026

Русија ги засилува саботажите во Европа: Германија и Полска се најмногу на удар, експертите предупредуваат на опасност од масовни жртви

27.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

САД и Иран на чекор до историски договор: Потпишувањето се очекува во наредните денови

6 месеци ago

Како да ја организирате женската чанта? Практични совети за повеќе ред и помалку стрес

5 месеци ago

Популарни Вести

  • К-15 до 31 декември: Колку пари им следуваат на работниците и што ако работодавачот не исплати?

    К-15 до 31 декември: Колку пари им следуваат на работниците и што ако работодавачот не исплати?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што се случува со рудникот по последниот ден на ископ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа го смени рускиот гас, но не и зависноста: Норвешка заработува милијарди, индустријата ги чувствува високите цени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една кутија дневно, илјадници денари во чад: Пушачите во Македонија трошат и над 50.000 денари годишно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Снегот ќе престане, но студот допрва доаѓа: УХМР најавува температури до минус 18 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.