среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Пелистер не паѓа, Пелистер се враќа

by Redakcija
25.03.2026
in Република

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска испрати силна порака до јавноста во врска со состојбите во фудбалскиот клуб ФК Пелистер, потенцирајќи дека клубот не смее да се гледа низ призма на дневна политика или поединечни интереси.

„Пелистер не е партија, Пелистер не е интерес, Пелистер е Битола“, истакна Коњановски по средбата со раководството на клубот, на која присуствувале претседателот Александар Стефановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот Борче Димитровски, како и новиот тренер Марјан Секуловски и фудбалерите од тимот.

Тој апелираше да не се шират неточни и тенденциозни информации за работата на клубот, нагласувајќи дека Општина Битола како единствен акционер работи транспарентно и дека сите податоци се достапни за јавноста.

Коњановски посочи дека клубот е подготвен да ги демантира сите невистини поврзани со буџетот, стручноста на кадарот и планирањето на активностите.

Во своето обраќање, градоначалникот упати критика до оние кои, како што рече, ликуваат на неуспесите на клубот.

„Поединци се радуваат на падот, мислејќи дека тоа е нивна победа. Но, Пелистер не се мери по една слаба сезона, туку по историјата, навивачите и издржливоста“, истакна тој.

Според Коњановски, клубот има сила да се издигне повторно, со поддршка од навивачите и со заедничка работа.

„Тие дојдоа и заминаа, а Пелистер ги надживеа сите. Пелистер не паѓа, Пелистер се враќа“, порача Коњановски, додавајќи дека поддршката за клубот значи поддршка за Битола и нејзините граѓани.

…

Related Posts

Градоначалникот Дејан Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и нов почеток за ФК Победа

25.03.2026

Коњановски: Нови спортски игралишта за подобри услови на учениците во ОУ „Даме Груев“

25.03.2026

Делови од Тетово и тетовско во среда без електрична енергија поради планирани прекини

24.03.2026

Тоневски: Во тек втората фаза од реконструкцијата на главниот резервоар за вода во Пробиштип

24.03.2026

Започнува примената на Упатството за надомест на штета од каснување од кучиња во Прилеп

24.03.2026

Општина Битола ги повикува инвеститорите да аплицираат за енергетски објекти

24.03.2026

Препорачани Вести

Малолетник се заканувал со пиштол – Полицијата реагирала

5 дена ago

Одрон го прекина сообраќајот кон граничниот премин Џепиште – Требиште

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Апсење во Тетово – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџа: 200 милиони денари за инфраструктура во Арачиново

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Пелистер не паѓа, Пелистер се враќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 16,82 милиони денари, Стопанска банка со најсилен дневен раст, а НЛБ Банка во минус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот Дејан Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и нов почеток за ФК Победа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.