четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Витамин Д и мозокот: Како дневната доза може да ја подобри меморијата и расположението

by Redakcija
26.03.2026
in Магазин
Витамин Д и мозокот: Како дневната доза може да ја подобри меморијата и расположението

Сè повеќе студии укажуваат дека одржувањето на здрави нивоа на витамин Д е клучно не само за коските, туку и за мозокот, расположението и спиењето. Недостатокот на овој витамин е поврзан со когнитивни проблеми, како деменција, и со депресивни епизоди, додека оптималните нивоа можат да го поттикнат производството на серотонин, хормонот кој ни го регулира расположението.

Експертите нагласуваат дека времето и начинот на земање на додатоците се важни. Најдобро е витамин Д да се зема со најголемиот оброк во денот, најчесто пладне, бидејќи е растворлив во масти и телото го апсорбира најдобро кога е комбиниран со здрави масти – мислете на авокадо, маслиново масло, јаткасти плодови, семки или масна риба како лосос.

Истражување од 2019 година кај жени во постменопауза покажа дека дневна доза од 2.000 меѓународни единици (IU) ја подобрува визуелната меморија, работната меморија и способноста за учење. Но, повисоките дози не се препорачуваат, тие може да донесат спротивен ефект.

Нашето тело природно произведува витамин Д кога кожата е изложена на сонце, а сончевите зраци се најсилни помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Земaњето на додатокот во тој период го имитира природниот процес на телото и го поддржува црниот дроб во правилна обработка на витаминот. Дополнително, дневниот внес на витамин Д може да го поттикне производството на мелатонин, што помага за подобар сон и, индиректно, за подобро расположение.

Некои истражувања исто така сугерираат дека пладневната доза може да влијае и на серотонинот, што дополнително ја објаснува врската меѓу витамин Д и добро расположение, но научниците нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања.

Со намалената изложеност на сонце во зимските месеци, природното производство на витамин Д опаѓа, што може да доведе до намалување на серотонинот и да придонесе за сезонско афективно растројство (САП). Земaњето додатоци пред и за време на зимата може да помогне во создавање и одржување на витаминските резерви, а некои студии покажуваат дека во одредени случаи може да биде исто толку ефикасно како светлосната терапија. Сепак, резултатите се мешани, па не може да се смета како единствена терапија.

Како и секогаш, лекарска консултација е клучна пред започнување на долгогодишен внес на витамин Д, особено ако веќе користите други лекови.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Самрак на вековниот симбол на шведската индустрија

04.11.2026

Зошто некои луѓе ставаат костени во плакарот? Стариот обичај има една цел

04.11.2026

Поранешен агент открива пет знаци за можна лага: „Слушајте ги одговорите, но не избрзувајте со обвинувања“

04.11.2026

Пред да купите нешто на попуст, поставете си едно прашање

04.11.2026

Дневен хороскоп за 4 ноември: Биковите да внимаваат со парите, а Скорпиите да направат чекор во љубовта

04.11.2026

Бришачите оставаат траги на стаклото? Пред да купите нови, проверете една работа

03.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Комуналец – Прилеп: Се санираат оштетените клупи во населбата Точила, апел за грижа за јавната инфраструктура

6 месеци ago

Diners Club ги менува правилата на играта: Пристигна Diners One, првата кредитна картичка со „нула денари“ членарина засекогаш

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Да ги чуваме вредностите на слободата и да градиме подобро утре – доделени наградите „4 Ноември“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК го нотира напредокот: Македонија ја забрзува енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.