На 26 март 2026 година, околу 12:50 часот, на фудбалско игралиште во основно училиште во Тетово, за време на спортски турнир, 13-годишно девојче било физички нападнато од четири повозрасни ученички. Информацијата ја пријавил нејзиниот татко, У.С. (40) од Тетово, во СВР Тетово во 17:30 часот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите околу нападот.











