петок, март 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Глобалната криза ја погодува индустријата, но можностите за конкурентност на Западен Балкан се отворени

by Simovski
27.03.2026
in Економија
Глобалната криза ја погодува индустријата, но можностите за конкурентност на Западен Балкан се отворени

И покрај случувањата на Блискиот Исток, странските инвеститори во Македонија засега не пријавуваат драстично намалување на нарачките. Сепак, тие предупредуваат дека проблемот не се ограничува само на цената на горивата, ризиците се мултифацетни и можат да предизвикаат недостиг на керозин, алуминиум и други клучни материјали.

„Директно намалување сè уште нема, иако понекогаш на неделно ниво се забележуваат мали флуктуации. Ситуацијата е флуидна и сите чекаат да видат како ќе се развива. Не можам точно да кажам колку и дали ова ќе влијае на нашите клиенти“, изјави денеска Виктор Мизо, претседател на Советот на странските инвеститори.

Според Мизо, кризата е глобална и не бира локации, ја погодува индустријата еднакво и во Македонија и во другите држави. Сепак, токму во такви моменти се отвора можност компаниите да се позиционираат поконкурентно во однос на своите сестрински фирми во Европа. „Зголемените трошоци за енергенти, репроматеријали и петрохемиски суровини ќе се одразат на сите пазари. Но, ако успееме да бидеме пофлексибилни и поконкурентни, намалувањето на побарувачката тука може да биде помало отколку на другите локации. Дури и ако влијанието е неизбежно, секоја криза носи можност“, посочи Мизо.

Тој посочи дека само за време на блокадите на транспортерите, некои компании биле принудени да користат авионски превоз на производите, што резултирало со дополнителни трошоци од неколку илјади до неколку милиони евра по компанија.

„Компаниите јасно ни велат: ако не можете да ги апсорбирате овие трошоци, најдете алтернатива надвор од Западен Балкан. Доколку производството се префрли во која било од нашите сестрински компании во Европската Унија, тешко дека ќе се врати назад. Тоа е реален ризик“, предупредува Мизо.

Related Posts

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

27.03.2026

Вкупен промет од 11,47 милиони денари, Македонски Телеком единствен добитник, ОМБ непроменет

27.03.2026

Божиновска: Скопје добива модерна и отпорна енергетска инфраструктура

27.03.2026

Божиновска: Модернизацијата на енергетскиот систем и зелената транзиција се врвен приоритет

27.03.2026

Администрацијата добива покачување на платите

27.03.2026
Евтините пратки од Кина во Македонија: Дали ќе се следи моделот на ЕУ?

Евтините пратки од Кина во Македонија: Дали ќе се следи моделот на ЕУ?

27.03.2026

Препорачани Вести

Божиновска – Рама: Гасното поврзување на државата е клучен чекор кон енергетска стабилност и регионална интеграција

1 месец ago
Зимските олимписки игри почнуваат вечерва, со свечено отворање во Милано и Кортина

Зимските олимписки игри почнуваат вечерва, со свечено отворање во Милано и Кортина

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Физички напад на 13-годишно девојче на училиштен турнир во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доктор во државна болница во Македонија заработил 700 илјади денари за еден месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Брод во Ормускиот Теснец повторно во пламен, екипажот евакуиран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митрополитот Петар го предава својот личен имот во Австралија на епархијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.