Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
На 27.03.2026 во 22:00 часoт на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода В.Ф.(25) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле проанјдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.











