Специјалниот претставник на Владимир Путин за инвестиции и економска соработка и директор на Руска фондација за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, предупреди дека светот се соочува со најсериозната криза во цените на горивата.
„Се разгледува можноста цената на нафтата да достигне 150 до 200 долари за барел. Ова има големо значење за нашите економски предвидувања за Европа и Обединетото Кралство“, истакна Дмитриев, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека ниту Европа ниту Велика Британија не се подготвени за ваквата криза, а нивното отфрлање на руските енергетски извори дополнително ја отежнува нивната ситуација.












