Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ вчера започна со својата прва обемна реконструкција и проширување на терминалот, прва од неговото изградба.
Сè до сега, единствената значајна промена на аеродромот беше проширувањето на пистата во 2011 година, но овојпат инвестицијата е многу посериозна. Компанијата ТАВ Македонија ќе вложи 2,7 милиони евра за обновување и модернизација на простор од 4.500 квадратни метри, создавајќи современ и функционален аеродром кој ќе ги задоволи потребите на патниците и авиокомпаниите.
ПРОЕКТОТ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АЕРОДРОМОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА












