вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

by Simovski
31.03.2026
in Економија
Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

Светската економија се наоѓа на крстосница поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, предупредува Меѓународниот монетарен фонд. Според најновата анализа на Фондот, последиците се глобални, но не рамномерни, а ударот се пренесува преку три клучни канали: цените на енергијата, трговските текови и финансиските услови.

Синџирите на снабдување трпат значителни прекини. Повеќе од енергетските ресурси, проблеми се јавуваат и кај основните суровини, а пренасочувањето на танкерите и товарните бродови создава раст на транспортните и осигурителните трошоци, како и одложување на испораките. Откажувањето на летовите од важни аеродроми во Заливот дополнително го комплицира меѓународниот транспорт и влијае на туризмот.

Особено загрижувањето е за снабдувањето со ѓубрива. Голем дел од глобалната трговија со овие производи минува низ Ормускиот Теснец, што го прави ранлив на нарушувања. Како резултат, цените на ѓубривата и поврзаните производи веќе се зголемуваат, што може дополнително да го зајакне притисокот врз цените на храната ширум светот.

Конфликтот доби нов интензитет по нападите врз Иран на крајот од февруари и одговорот на Техеран со удари врз цели во регионот, кои предизвикаа нарушување на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец, една од главните артерии за глобалното снабдување со енергија.

ММФ предупредува дека ваквите случувања веќе создаваат значителни инфлаторни притисоци и ја забавуваат динамиката на економскиот раст. Интензитетот на ефектите ќе зависи од тоа колку долго ќе трае конфликтот и како ќе се прошири, но ризиците за глобалната економија веќе се зголемени.

Related Posts

Божиновска: Инженерите се клучни за иднината на Македонија

31.03.2026
Стратегиски избор на снабдувач: Предвидливост и стабилност во нестабилни времиња

Стратегиски избор на снабдувач: Предвидливост и стабилност во нестабилни времиња

31.03.2026

2470 денари линеарно зголемување на платите за вработените во МВР

31.03.2026
Славески: Народната банка ги следи глобалните кризи и ги штити макроекономските стабилност

Славески: Народната банка ги следи глобалните кризи и ги штити макроекономските стабилност

31.03.2026

Божиновска: Нов договор за подобри услови и повисоки примања во Министерството за енергетика

31.03.2026
Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

31.03.2026

Препорачани Вести

Несреќа во тетовско: Жена изгубила контрола и излетала од патот

1 месец ago
Финска повторно на врвот: Најсреќна земја во светот по деветти пат

Финска повторно на врвот: Најсреќна земја во светот по деветти пат

2 недели ago

Популарни Вести

  • Трамп до сојузниците: Америка нема веќе да ве штити – купувајте нафта од САД или снаоѓајте се сами

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Инженерите се клучни за иднината на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радио Слободна Европа денес го затвора македонскиот сервис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИДФ со нови тврдења за ликвидирани борци на Хезболах во јужен Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.