Градоначалникот Д-р Александар Јовановски денес изврши увид во градежните активности на ул. „Маршал Тито“, кои се наоѓаат во завршна фаза.
Според најавите, асфалтирањето се очекува да биде целосно завршено до крајот на денот, со што улицата ќе обезбеди побезбеден и непречен сообраќај за граѓаните.
Општина Кичево продолжува да вложува напори во развојот на патната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за живот и поголема безбедност на сите жители.












