СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(43) од село Горно Седларце и Н.Б.(39) од село Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 23.02.2026 година, во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, пријавените насилно влегле во службена просторија и кон вработена упатиле закани. Еден од нив се обидел да ја нападне физички, но бил спречен од обезбедувањето.
СВР Тетово продолжува да презема мерки за заштита на вработените и безбедноста во јавните установи.












