вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

by Simovski
31.03.2026
in Економија
Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

Се одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите при Народната банка, платформа која веќе 13 години ги промовира и поддржува научноистражувачките активности во земјава. Овој пат вниманието беше насочено кон еден од најактуелните прашања во македонската економија – финансиската ранливост на домаќинствата кои користат кредити од банки и штедилници.

На сесијата беше претставен трудот на Кирил Симеоновски, со наслов „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“. Директорката на Секторот за монетарната политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан, ја отвори сесијата и нагласи дека темата е од особена важност во услови на економска неизвесност, растечки трошоци за живот и флуктуации во финансиските услови. Таа потенцираше дека разбирањето на способноста на домаќинствата за навремено отплаќање на нивните обврски е клучно не само за благосостојбата на поединецот, туку и за стабилноста на целиот финансиски систем.

Симеоновски предлага рамка за анализа на ранливоста на македонските домаќинства кои користат кредитни производи, при што ја применува методологијата базирана на ликвидност. Клучните индикатори во истражувањето се ДСТИ (debt service-to-income) и релативната финансиска маргина, со утврдени прагови според домашните регулативи и економската литература. Рамката овозможува и сценаријска анализа на финансиската отпорност на домаќинствата преку симулирање макроекономски шокови и нивниот ефект врз солвентноста на банкарскиот систем.

Сесиите на Клубот се организираат четири пати годишно, а учествуваат аналитичари, истражувачи од научно-образовни институции, финансиски експерти, студенти и други заинтересирани. Народната банка редовно објавува повици за презентација на трудови, кои можат да бидат во работна верзија, но секогаш следат високи научни стандарди и емпириски пристап. Зачленувањето во Клубот е отворено за сите заинтересирани, а повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на Народната банка: Клуб на истражувачи
.

Related Posts

Европа бега кон алтернатива за фосилните горива: Соларни панели, топлински пумпи и електрични возила

Европа бега кон алтернатива за фосилните горива: Соларни панели, топлински пумпи и електрични возила

31.03.2026

Златото ја задржува стабилноста: Грам по 127 евра, унца близу 4.000 евра

31.03.2026

Божиновска: Со енергетска ефикасност до помали трошоци – Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

30.03.2026

Вкупен промет од 125,42 милиони денари, слаб пад кај банките и стабилен ОМБ

30.03.2026

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ!

30.03.2026
Засилени контроли на АХВ пред Велигден: Целосен надзор на храната на пазарите и маркетите

Засилени контроли на АХВ пред Велигден: Целосен надзор на храната на пазарите и маркетите

30.03.2026

Препорачани Вести

Иран се заканува со блокада на Ормускиот теснец, националната гарда ќе ги гони „предавниците“

3 недели ago

Среќен 8 Март – ден на силата, нежноста и храброста на жената!

3 недели ago

Популарни Вести

  • Во Ростуше снимена мечка како се шета низ селото (ВИДЕО)

    Во Ростуше снимена мечка како се шета низ селото (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првото азиско издание на „Евровизија“: 10 земји учеснички потврдени, стартува во ноември на Тајланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парични стимулации до 15.000 евра и бенефиции за преселба на овој остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран воведува наплата за премин низ Ормутскиот теснец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански дрон нападна кувајтски танкер со нафта во Дубаи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.