вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

НОВ ЦИКЛОН ЈА ПОГОДУВА МАКЕДОНИЈА: Следуваат поројни дождови, снег и нагло заладување!

by admin
31.03.2026
in Македонија

Македонија повторно се наоѓа пред силен временски пресврт, откако нов бран на поладен воздух од север започнува да се спушта кон јужна и југоисточна Европа. Под негово влијание, над јужна Италија и Јонското Море се формира длабок секундарен циклон, кој директно ќе влијае врз времето во земјава.
Овој циклонски систем ќе донесе значително влошување на временските услови, почнувајќи од вторник навечер (31 март), а ефектите ќе се чувствуваат и во деновите што следуваат.


Во овој период се очекуваат обилни врнежи, кои во пониските делови ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините над 1000 метри ќе бидат од снег. Таму ќе дојде до значително зголемување на снежната покривка.
Најинтензивни врнежи се најавуваат за среда и четврток (1 и 2 април), кога локално се очекуваат над 50 литри дожд на метар квадратен. Во планинските региони и скијачките центри снежната покривка може да се зголеми за 40 до 50 сантиметри, а на одредени места и повеќе од 50 сантиметри.


Поради продорот на студениот воздух од север, снежната граница повремено ќе се спушта, особено во западните и северните делови од Македонија, па врнежи од влажен снег ќе има и во некои повисоки населени места.


Во Скопје и околината се очекуваат пообилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец. На околните планини врнежите ќе бидат од снег, што дополнително ќе ја засили зимската слика во регионот.


Температурите ќе бидат под просекот за овој период. Утринските ќе се движат од 0 до 9 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 5 до 12 степени. Во Скопје, утринската температура ќе се спушти до околу 7 степени, а дневната ќе достигне околу или малку над 10 степени.


Метеоролозите предупредуваат на зголемена внимателност, особено за возачите кои ќе се движат низ планинските превои, каде што поради снегот условите за возење може значително да се влошат.


Следува период на нестабилно и студено време со елементи на вистинска зима. Циклонот носи комбинација од дожд, снег и силен ветер, со можност за обилни врнежи и сериозни временски услови.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

За македонско-американските односи и стратешкото партнерство – Средба Мицкоски-Варнс:

24.11.2026

Цигарите треба да станат „изгор“ скапи: СЗО бара драстично зголемување на цените во Македонија

24.11.2026

Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

24.11.2026

9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

24.11.2026

Божиновска: Да ги охрабриме младите жени да преземаат раководни позиции

23.11.2026
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

24.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ХАОС ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ: Аларми одекнуваа низ молот, посетителите итно евакуирани

6 месеци ago

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Првиот прекин почнува во 08:00 часот: Каде утре ќе нема струја во Скопје и околината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Колтук до Горно Седларце: Кои локации утре ќе останат без струја до 14 часот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните попусти за „Black Friday“ под лупа: Пазарниот инспекторат најави засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медведев со нова нуклеарна закана: Русија не само што има право, туку во одредени ситуации е должна да употреби нуклеарно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватска: Граѓаните ќе добиваат по 6 денари за амбалажа што досега се фрлаше во ѓубре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.