Македонските студенти ќе имаат можност да аплицираат за субвенционирани оброци, соопшти Министерството за образование и наука. Рокот за поднесување на електронските пријави започнува на 1 април и трае до 5 април 2026 година.
Правото на субвенционирани оброци е отворено за сите редовни студенти на додипломски студии чиишто месечни приходи се под нето минималната плата, како и за постдипломците и интегрираните студенти. Апликациите се прифаќаат за студенти на сите јавни и приватни универзитети во земјата.
Сите заинтересирани студенти можат да ја поднесат својата пријава онлајн преку платформата на Министерството: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Оние кои претходно го изгубиле правото, но веруваат дека ги исполнуваат условите, сега имаат можност повторно да се пријават.












