На 31.03.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.А.(42) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната Р.И. од с.Студеничани, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „ауди“ и шестгодишен сопатник од патничкото возило „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле друг шестгодишен сопатник од возилото „тојота“ и возачот Р.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
…












