петок, април 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Прилеп влегува во интензивна градежна трансформација

by Redakcija
03.04.2026
in Република, Топ Вести

Прилеп во моментов поминува низ засилен инвестициски циклус, со повеќе паралелни инфраструктурни проекти кои треба да донесат подобри услови за живот, побезбеден сообраќај и уреден јавен простор. Ова беше пораката што ја сподели градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, преку видео објава, прикажувајќи ја тековната динамика на градежните активности во градот.

Еден од клучните приоритети е санирањето на ударните дупки и тековното одржување на улиците. Целта, како што беше истакнато, е да се обезбеди континуирано одржување на сообраќајниците во текот на целата година, наместо повремени интервенции.

Паралелно, веќе се видливи резултатите од уредувањето на улицата „Кеј 1-ви Мај“, каде што е изграден нов тротоар, поставено е модерно осветлување и нова урбана опрема, што, според општината, наишло на позитивни реакции кај граѓаните.

Во централното градско подрачје, партерното уредување на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ влегува во завршна фаза. По завршувањето на подземните инфраструктурни зафати и реконструкцијата на каналот на Давничка река, активностите се насочени кон уредување на површина од 2.100 квадратни метри. Со ова се очекува подобрување на изгледот на центарот, олеснување на движењето на пешаците и поттикнување на економската активност.

Градоначалникот истакна дека интензивно се работи на кружниот тек на мостот Табана, капитален проект кој би значел растеретување на сообраќајот за Прилепчани.

„Се гради и градот не е во застој. Со почетокот на градежната сезона очекуваме дополнително засилување на активностите“, истакна Проданоски.

Доколку временските услови дозволат, од општината очекуваат централното градско подрачје да добие нов, современ изглед во наредните месеци.

….

Related Posts

Општина Пробиштип: Одбележани 82 години од нападот на рудниците „Злетово“

03.04.2026

Коњановски на средба со Азески: Инфраструктурата клучна за развој на регионот

03.04.2026

Нови ваучери за инвертер клима – Еве како да аплицирате

03.04.2026

ЈКП Водовод Битола ги поттикнува младите да ја чуваат природата

03.04.2026

Извештај за 2025: Битола пример за транспарентност и институционален интегритет

03.04.2026
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Повеќе делови од Тетово утре ќе останат без електрична енергија

02.04.2026

Препорачани Вести

Парадокс на Евровизија: Израел води кај обложувалниците, а сѐ уште нема песна

3 месеци ago

ВИРАЛНО ВИДЕО ОТВОРИ ДЕБАТА ЗА БРАКОВИ МЕЃУ РОДНИНИ И ГЕНЕТСКИ РИЗИЦИ – Пакистан предничи над 50% од браковите се помеѓу роднини

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Пробиштип: Одбележани 82 години од нападот на рудниците „Злетово“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски на средба со Азески: Инфраструктурата клучна за развој на регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерката Сања Божиновска: Нов повик за инвертер клими со целосно електронско аплицирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кадриу за оставката на Ленче Ристоска: Бегство од одговорност, не принцип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска беше играч на СДСМ, предметите ги користела за уцена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.