понеделник, април 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Потврдени кредитните рејтинзи на Македонија од „Стандард и Пурс“ и „Фич“ – стабилни изгледи и континуитет на економските политики

by Redakcija
06.04.2026
in Економија

6 април 2026 година, Скопје  – Агенциите за кредитен рејтин „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија стабилнот кредитен профил на земјата во поолугодишните прегледи.  
„Стандард и Пурс“ изврши редовен полугодишен преглед на кредитниот рејтинг на РС Македонија, во рамки на календарот за суверени рејтинзи за ЕМЕА (Европа, Блискиот Исток и Африка) регионот.
Станува збор за стандардна процедура согласно европската регулатива, при што се врши оценка на тековните економски и фискални показатели, како и на пазарните движења. Во рамки на овој полугодишен преглед не е објавено ново истражувачко ажурирање, што укажува дека клучните фактори кои влијаат врз кредитниот рејтинг на државата остануваат непроменети.
Воедно, минатиот месец „Фич“ спроведе редовна ревизија на кредитниот рејтинг на државата, при што исходот од разгледувањето е „Review – No Action“, односно нема промена на постојниот кредитен рејтинг и нема да биде објавен посебен извештај.
Со тоа, двете кредитни агенции го потврдуваат стабилниот кредитен профил на Република Македонија, при непроменети клучни фактори што влијаат врз рејтингот.
Во рамки на последните објавени извештаи, „Стандард и Пурс“ го задржа кредитниот рејтинг на државата на нивото „BB-“ со стабилни изгледи, додека „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на „BB+“ со стабилен изглед.

Потврдата на кредитните рејтинзи претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономските политики, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата редовно и навремено да ги сервисира своите финансиски обврски. Воедно, таа укажува на континуитет во спроведувањето на економските политики и отпорноста на економијата во услови на зголемена глобална неизвесност.
Според оценките на кредитните агенции, економскиот раст е поддржан од засилените јавни инвестиции, особено во инфраструктурни проекти, како и од растот на потрошувачката на населението.
Кредитниот рејтинг претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари, бидејќи го одразува нивото на ризик и довербата во економските политики на државата. 
„Потврдата на рејтинзите од страна на двете водечки меѓународни кредитни агенции претставува значаен сигнал за доверба во економските политики и охрабрување за продолжување на реформите, со цел обезбедување одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните“ кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

…

Related Posts

Регулаторната комисија го објави новиот ценовник за горивата

06.04.2026

ОКТА со убави вести за возачите – Попустот продолжува

06.04.2026

Германските водечки компании најавуваат исплати на рекордно високи дивиденди

06.04.2026

Еве кој ќе добие повисоки плати за Април

06.04.2026

Поевтинување на горивата од полноќ: Намалени акцизи и ДДВ

06.04.2026

„Бензин-туризам“ цвета во Македонија: Соседите масовно доаѓаат по поевтино гориво

05.04.2026

Препорачани Вести

vevcanski karneval

Вевчанскиот карневал 2026: Традицијата под маски

3 месеци ago

Трагедија во Турција: Тешка автобуска несреќа голем број загинати и повредени

2 дена ago

Популарни Вести

  • Поранешниот советник на Обама: Ќе видиме дали американската војска ќе му каже „не“ на Трамп

    Поранешниот советник на Обама: Ќе видиме дали американската војска ќе му каже „не“ на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинотеката на Македонија слави 50 години: Нова поштенска марка ќе биде промовирана на јубилејот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конститутивна седница на Советот за превенција на детско престапништво во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриени 16.000 непријавени лекови во туристички автобус, осомничени две лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директни летови до Торонто и нови европски линии преку аеродромот во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.