понеделник, април 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Регулаторната комисија го објави новиот ценовник за горивата

by Redakcija
06.04.2026
in Економија, Топ Вести

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои стапуваат на сила од ноќеска по полноќ. Со одлуката се предвидува зголемување на цените во просек за 1,41 отсто во однос на претходната од 30 март 2026 година.

Согласно новиот ценовник, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 85,50 денари, додека дизелот ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 98,00 денари по литар. Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава по 95,50 денари, а мазутот М-1 НС по цена од 51,311 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека растот на светските референтни цени и курсот на денарот би довел до значително повисоки цени доколку не беа мерките на Владата за намалување на акцизите и воведувањето повластена стапка на ДДВ од 10 проценти.

Дополнително, нафтените компании се повикани да го пресметаат и попустот обезбеден преку договорот со ОКТА, со што се очекува реално намалување од три денари по литар за дизел и два денари за бензините.

Од РКЕ потенцираат дека без овие интервенции, цената на бензините би била повисока за 8,50 денари по литар, а на дизелот за 12 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата овозможила намалување на акцизите за дизелот за четири денари по литар и за бензините за два денари, како и продолжување на мерката за намален ДДВ од 18 на 10 проценти.

Тој нагласи дека резервите на гориво се стабилни, иако дневната потрошувачка е зголемена од 1,5 на два милиони литри, делумно поради зголемен притисок од пограничните региони.

Мерките, според надлежните, имаат за цел да го заштитат стандардот на граѓаните и да обезбедат стабилност на пазарот во услови на глобални флуктуации на цените на нафтата.

Related Posts

Тоневски: Пробиштип ја негува боречката традиција и спортскиот дух

06.04.2026

Димитриеска-Кочоска: Потврдени кредитните рејтинзи на Македонија од „Стандард и Пурс“ и „Фич“ – стабилни изгледи и континуитет на економските политики

06.04.2026

ОКТА со убави вести за возачите – Попустот продолжува

06.04.2026

Германските водечки компании најавуваат исплати на рекордно високи дивиденди

06.04.2026

Еве кој ќе добие повисоки плати за Април

06.04.2026

Важно соопштение од МВР за сите што планираат да патуваат во земји од ЕУ

06.04.2026

Препорачани Вести

Промоција на монографијата „Мојот пат“ –културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

1 месец ago

Трамп најави нови напади врз Иран: „Гледајте што ќе им се случи денес“

3 недели ago

Популарни Вести

  • Поранешниот советник на Обама: Ќе видиме дали американската војска ќе му каже „не“ на Трамп

    Поранешниот советник на Обама: Ќе видиме дали американската војска ќе му каже „не“ на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинотеката на Македонија слави 50 години: Нова поштенска марка ќе биде промовирана на јубилејот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конститутивна седница на Советот за превенција на детско престапништво во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриени 16.000 непријавени лекови во туристички автобус, осомничени две лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директни летови до Торонто и нови европски линии преку аеродромот во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.