вторник, април 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Целосно воведување на ЕУ системот за влез и излез: Сè што треба да знаете за EES

by Simovski
07.04.2026
in Свет
Целосно воведување на ЕУ системот за влез и излез: Сè што треба да знаете за EES

Европската унија официјално го активира својот нов дигитален систем за контрола на патници од земји надвор од ЕУ, EES (Entry/Exit System), кој од 10 април 2026 година целосно ќе замени класичните печати во пасошите со дигитална евиденција на влез и излез, вклучувајќи биометриски податоци како фотографии и отпечатоци од прсти. Оваа новина е дел од амбициозната иницијатива на ЕУ за модернизација на граничните контроли, зајакнување на безбедноста и намалување на измами и криминал.

Системот постепено се воведуваше од 12 октомври минатата година во 29 европски земји и од април станува целосно оперативен. Од воведувањето, над 24.000 лица им е одбиен влез во ЕУ поради истечени или лажни документи, или неможност да се оправда причината за посетата, а повеќе од 600 лица се идентификувани како безбедносен ризик, според Европската комисија и „Јуроњуз“.

EES се однесува на сите кои не се граѓани на ЕУ или Шенген зоната и кои патуваат на краток престој до 90 дена во период од 180 дена. Исто така, ги вклучува и сопствениците на имот во ЕУ кои немаат дозвола за престој. Изземени од ова правило се Ирска и Кипар, кои ќе продолжат со рачни проверки на пасошите, како и државјани на ЕУ, долгорочни жители на ЕУ, членовите на семејствата на граѓаните на ЕУ, персоналот на возови и авиони, војници и нивните семејства на служба во НАТО или Партнерството за мир, како и жители на Андора, Сан Марино, Ватикан и Монако.

Првите месеци од целосното функционирање на EES се очекуваат значителни застои, особено во летниот период, бидејќи сите патници од трети земји ќе треба да бидат регистрирани преку системот. Аеродромските здруженија препорачуваат патниците да доаѓаат еден и пол до два часа порано. Претходно, делумно суспендирање на процесот можеше да ги намали редиците, но од 10 април ова повеќе нема да биде можно.

Биометриски пасоши не се задолжителни. Патниците со стандардни пасоши ќе треба да ги обезбедат своите податоци на гранична контрола. Децата под 12 години не даваат отпечатоци, но се фотографираат. Податоците се чуваат три години, што ги забрзува идните проверки.
За оние кои сакаат да го забрзаат процесот, постои апликацијата „Travel to Europe“, која дозволува регистрација на биометриски податоци и фотографии до 72 часа пред пристигнувањето. Сепак, тоа не ја заменува задолжителната проверка на граница и моментално е достапна само во неколку земји, со план за проширување низ целата ЕУ.

Related Posts

Џеј Ди Венс во Будимпешта: САД го поддржуваат Орбан пред унгарските избори

Џеј Ди Венс во Будимпешта: САД го поддржуваат Орбан пред унгарските избори

07.04.2026
Иранските власти повикуваат на жив штит околу клучните енергетски објекти по заканите од САД

Иранските власти повикуваат на жив штит околу клучните енергетски објекти по заканите од САД

07.04.2026
Наводи дека новиот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е повреден

Моџтаба Хамнеи во тешка здравствена состојба: Иран под контрола на Револуционерната гарда додека ајатолахот е во бесознание

07.04.2026

Рокот завршува утре – Трамп: Иран може да биде „уништен преку ноќ“

06.04.2026

Иран нападнал брод со 2.500 маринци

06.04.2026

Ова се условите на Иран за отворање на Ормускиот теснец

06.04.2026

Препорачани Вести

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

1 месец ago

Финска уапси членови на екипажот на „Фитбург“ по оштетувањето на подводни телекомуникациски кабли

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Пукање во Битола – Полицијата на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Привремен сообраќаен режим на „Ленинова“: Започната реконструкција на вториот дел од улицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апелација ја укина пресудата против Лидија Димова, предметот вратен на повторно судење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков“: Монографија што ги истражува неговите визии за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција ја засилува одбраната со израелски ракетен систем PULS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.