недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Моџтаба Хамнеи во тешка здравствена состојба: Иран под контрола на Револуционерната гарда додека ајатолахот е во бесознание

by Redakcija
07.04.2026
in Свет
Наводи дека новиот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е повреден

Според тајни проценки на американските и израелските служби за безбедност, новоименуваниот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во критична состојба и засега не може реално да ја управува државата, велат дипломатски и разузнавачки извори во Заливот до кои дошол и лондонски „Тајмс“.

Информациите, деловно споделени меѓу сојузниците на САД во Персискиот Залив, сугерираат дека Моџтаба е веќе со денови во тешка здравствена состојба и без свест, последица на воздушниот напад во кој загина неговиот татко, долгогодишниот врховен лидер Али Хамнеи. Разузнавачките извештаи тврдат дека тој не учествува во носењето на виталните одлуки на власта, особено во време кога Иран се соочува со историски предизвици.

Како дополнителен индикатор за сериозноста на ситуацијата, аналитичарите од службите забележале активности во близина на градот Ком, започнато е поставување на голем мавзолеј со повеќе гробници, што би можело да означува подготовка за погребување на повеќе членови од иранската владејачка фамилија на едно место.

Иранските официјални претставници веќе потврдија дека Моџтаба Хамнеи бил повреден при нападот во кој, според нивните наводи, загинале и неговата мајка и сопруга. Оттогаш тој не се појавил во јавноста, иако во март беше формално избран за наследник на својот татко на врховната позиција.

Во меѓувреме, државната телевизија на Иран емитуваше писмени обраќања што му се припишуваат на новиот лидер, како и видео материјал создаден со вештачка интелигенција, на кое тој наводно се гледа како анализира карта на израелскиот нуклеарен комплекс во Димона.

Овие контрадикторни сигнали само ја поттикнаа шпекулацијата дека вистинската извршна моќ може да ја преземе Иранската револуционерна гарда, додека Моџтаба би останал на функцијата само формално, без реална контролa врз клучните институции.

Од Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД водат разговори со други ирански претставници, но дека нема директни контакти со врховниот лидер, што дополнително го нагласува нестабилниот политички пејзаж во Техеран.

Иранските медиуми, пак, објавија дека погребната церемонија за Али Хамнеи би можела да се одржи во неговиот роден град Машхад, еден од најзначајните шиитски верски центри, додека поширока комеморација се очекува во Техеран, но точниот датум сѐ уште не е соопштен. Утре се комплетираат 40 дена од неговата смрт на 28 февруари, ознака за крај на традиционалниот шиитски период на жалост.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

ВИДЕО | Руски дрон урна дел од станбена зграда кај Киев: Спасувачите трагаат по луѓе под урнатините

22.11.2026
Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

Зеленски со порака до Путин: Кримскиот мост нема да опстане

22.11.2026

Трамп бара мировен договор до јануари: Украина стравува дека ќе мора да отстапи територии на Русија

21.11.2026

Драма во Источна Европа: Илјадници војници добија итно предупредување, а потоа следуваше опасен инцидент – „Не е случајност“

21.11.2026

Естонија ја затвора границата со Русија најмалку шест месеци

21.11.2026
Европа се подготвува за најлошото сценарио: Русија би можела да отвори нов воен фронт

Путин покани три европски земји во Москва: Се отвора можност за нови разговори за Украина

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Свети Еразмо Охридски има олтар во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

4 недели ago

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,58 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.