На 06.04.2026 во СВР Скопје било пријавено дека околу 10:20 часот на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу три лица.
Според информациите, во инцидентот учествувале Р.Б. (54) и А.Б. (20) од една страна и Р.Р. (42) од друга страна, сите од Скопје. Во текот на пресметката бил употребен и тврд предмет.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
…












