четврток, ноември 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Реколтата на тутун од 2025 година се смета за успешна, земјоделците задоволни со цената и субвенциите

by Redakcija
19.02.2026
in Економија
Реколтата на тутун од 2025 година се смета за успешна, земјоделците задоволни со цената и субвенциите

Се забележува растечки интерес кај тутунарите за новата реколта, откако заврши откупот на минатогодишниот тутун со речиси целосна реализација и просечна цена од 419 денари по килограм. Вкупно се откупени 26.072 тони, што претставува 99% од реколтата за 2025 година, што според Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија, ја прави реколтата успешна.

„Ова ни дава право да сметаме дека 2025 година беше успешна, особено што сега има зголемен интерес за нови договори“, изјави Ристески, додавајќи дека се очекува реколта од 28.000 до 29.000 тони за оваа година. Тутунарите, според него, се задоволни од цените, а благодарение на државните субвенции, кои достигнуваат до 100 денари по килограм преку комбинација на субвенции по килограм, по површина и за зелена нафта, нивниот приход е дополнително зголемен.

Во меѓувреме, Сојузот ги заврши преговорите со откупувачите за новата реколта. Предложени се цени од 510 денари за прва, 460 денари за втора и 400 денари за трета класа тутун. Откупувачите имаат рок до 20 февруари да се изјаснат, а доколку тоа не го сторат, се планира реколтата да се откупува исклучиво како прва класа. Склучувањето на новите договори започнува на 1 март.

Покрај тоа, на вчерашната средба во Министерството за земјоделство се дискутираше програмата за субвенционирање за оваа година. Сојузот уверува дека нема да има намалување на субвенциите, а беше договорено да се изготви календар за исплата на заостанатите средства. Исплатата ќе биде квартална, на секои четири месеци, што важи за сите земјоделци, од сточари и овоштари до оние со помали површини кои можат да се здружуваат за да ги користат субвенциите.

Ристески заклучува дека малите забелешки кои се појавиле не го менуваат основниот план: субвенциите остануваат стабилни, договорите со откупувачите ќе се финализираат, а тутунарите можат да очекуваат стабилни цени и поддршка и во новата реколта.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

HELLENiQ ENERGY инвестира над една милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

12.11.2026

НЛБ Банка: деветмесечната нето-добивка порасна за 0,99%, а кварталната се намали за 9,74%

12.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција

11.11.2026

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

11.11.2026

Комерцијална банка со 4,2 милијарди денари добивка пред оданочување, за 1,1% помалку од лани

11.11.2026

Крај на работното време како што го познаваме? Еве како би можеле да работиме во иднина

11.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Русија испраќа воени бродови за придружба на трговските пловила по серијата напади на Средоземното Море

Русија пред економски колапс? Шведска алармира за скриена криза што допрва ќе експлодира

7 месеци ago
Безбедно неутрализирани граната, мина и рачни бомби во Крагуевац

Безбедно неутрализирани граната, мина и рачни бомби во Крагуевац

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Лекарите открија кои јајца се поздрави, кајганата или варените: Едните имаат мала предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За само пет часа санкционирани 221 прекршок на пешаци и возачи: Полицијата со засилени контроли низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена градоначалничка од партијата на Вучиќ: Полицијата приведе уште двајца функционери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП „Водовод“ – Битола со нов проект: Во 2027 година се очекува модернизација и дигитализација на водоводниот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од четири скопски општини: Во Кисела Вода прекинот ќе трае осум часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.