Во градот Добрјанка, во Пермскиот регион во Русија, 17-годишен ученик избоде своја наставничка по руски јазик и литература, која и била класна во училишното одделение. Наставничката беше пренесена во болница во критична состојба, но, за жал, лекарите не успеаја да го спасат нејзиниот живот.
Според информации од локалната полиција, инцидентот се случил утрово околу 8 часот, непосредно пред влезот на училиштето. Напаѓачот е ученик во деветто одделение и имал проблеми со училишниот успех, повторувајќи неколку одделенија. Според сведоци, долгогодишниот конфликт меѓу наставничката и ученикот кулминирал во трагедијата.
Младото момче е задржано во полициски притвор. Регионалниот гувернер, Дмитриј Махонин, истакна дека напаѓачот имал претходни регистрирани проблеми со законот. Во меѓувреме, властите ја зголемија безбедноста во училиштата низ Пермскиот регион за да се спречат слични инциденти.












