среда, април 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Прилеп останува град на еднаквост и почит – заеднички го одбележуваме Меѓународниот ден на Ромите

by Redakcija
08.04.2026
in Република, Топ Вести

Со низа активности и пораки за единство, Општина Прилеп го започна одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Градоначалникот Дејан Проданоски упати честитка до припадниците на ромската заедница, истакнувајќи дека тие се нераскинлив дел од општеството и важен сегмент во градењето на заедница заснована на почит, разбирање и еднаквост.

„Нашата определба е јасна – Прилеп да биде град на рамноправни граѓани, каде секој има можност да напредува и да придонесува“, нагласи Проданоски.

Тој посочи дека локалната самоуправа активно работи на подобрување на условите за живот, со посебен фокус на образованието, инклузијата и социјално-економската состојба на ромската заедница. Во таа насока, реализирани се повеќе проекти, особено во населбата Тризла, преку соработка со домашни и меѓународни партнери.

Како дел од идните активности, најавена е изработка на четири детални урбанистички планови за овој дел од градот, од кои два веќе се во тек. Дополнително, планирано е асфалтирање на околу четири километри улици, како и аплицирање на програми за обезбедување поголема поддршка за ромската заедница.

Општината континуирано инвестира и во водоводната и канализациската мрежа, уличното осветлување, како и во културниот и општествениот живот. Посебен акцент се става на интеграцијата на ромските деца во образовниот процес и нивната поголема вклученост во сите сфери на општеството.

Во чест на празникот, ромското знаме ќе се вее пред зградата на Општина Прилеп, како симбол на почит и заедништво.

Градоначалникот ги покани граѓаните да присуствуваат на културно-уметничката програма што ќе се одржи денеска во 17 часот во Домот на културата „Марко Цепенков“, каде заеднички ќе се одбележи значењето на овој ден.

…

Related Posts

СЕЈФ СИТИ се поставува во уште еден град во Македонија

08.04.2026

Бојкоски: Новиот деловник носи ред, ефикасност и достоинство во Советот на Општина Битола

08.04.2026

Тоневски: Нов проект за здравјето на најмладите во Пробиштип – Бесплатни ортопедски прегледи

08.04.2026

Комуналец Прилеп апелира: Покуќнината не смее да го попречува движењето

07.04.2026
Прекин на струја во Шуто Оризари

Повеќе делови од Тетово утре ќе бидат без струја 08.04.2026

07.04.2026

Водовод Битола: Започнува реконструкција на водоводната мрежа на ул. Караорман

07.04.2026

Препорачани Вести

Патничко возило изгоре во Чаир, полицијата трага по сторителите

2 месеци ago
Биткоин бележи пад веќе петти месец по ред

Биткоин бележи пад веќе петти месец по ред

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Украински разузнавачи открија како Русите му помогнале на Иран во војната

    Украински разузнавачи открија како Русите му помогнале на Иран во војната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фјури е подготвен да докаже дека е во врвна форма: Целта му е „брутален нокаут“ против Махмудов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како темното чоколадо може да го подобри здравјето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СЕЈФ СИТИ се поставува во уште еден град во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Jack Daniel со нова химна за ноќни журки: Скопје никогаш не звучело повесело

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.