Во Кавадарци започна поставувањето на камери од системот „Сејф Сити“, како дел од проектот „Безбеден град“, насочен кон зголемување на јавната безбедност и подобра контрола на сообраќајот.
Во Кавадарци веќе се поставени камери на повеќе локации низ градот. Сепак, и покрај видливите активности на терен, засега нема официјална потврда од надлежните институции за обемот, динамиката и начинот на имплементација на системот.
Според досегашните сознанија, системот „Сејф Сити“ има за цел да овозможи поефикасно следење на сообраќајот, откривање на прекршоци и зголемување на општата безбедност во урбаните средини.
Освен во градот, камери се поставуваат и во населените места Глишиќ и Марена, што укажува на поширок опфат на проектот во општината.
…












