понеделник, ноември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

(ВИДЕО) Историски избори во Унгарија: рекордна излезност, долги редици и жестоки обвинувања меѓу Орбан и Маѓар

by admin
12.04.2026
in Свет

Унгарија денес гласа на едни од најнеизвесните избори во последните години, избори што можат да стават крај на 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан, но и да предизвикаат пошироки политички потреси во Европа и пошироко. Од раните утрински часови низ целата земја се забележуваат долги редици пред гласачките места, а излезноста е значително повисока во споредба со претходните избори, што според аналитичарите укажува на силна мобилизација на гласачите.


До 13 часот, според официјалните податоци, гласале повеќе од половина од вкупно 7,53 милиони гласачи, односно 54,14 проценти, што е значително зголемување во однос на изборите во 2022 година, кога во истиот период излезноста изнесувала 40,01 процент. Само до 11 часот веќе биле регистрирани 37,98 проценти, што покажува дека интересот за гласање е исклучително висок уште од раните часови.
Најголема излезност е забележана во Пешта, каде над 58 проценти од гласачите го искористиле своето право на глас, додека најниска имало во округот Саболч-Сатмар-Берег, каде сепак се бележи раст од околу 10 процентни поени во споредба со претходните избори.

Зголемувањето на излезноста е евидентно низ целата земја, што укажува на зголемена политичка напнатост и важноста на овие избори.
Покрај домашната сцена, голем интерес има и кај унгарските гласачи во странство. Долги редици се забележани во градови како Малага, Стокхолм, Копенхаген, Осло и Минхен, каде што на некои места гласачите чекале повеќе од еден час. Во одредени случаи, приоритет имале граѓаните кои однапред купиле авионски билети и допатувале исклучиво за да гласаат.


Во меѓувреме, изборниот ден не поминува без тензии и меѓусебни обвинувања. Опозицијата обвинува за купување гласови, тврдејќи дека на гласачи им биле нудени околу 30.000 форинти (приближно 80 евра) за поддршка на владејачката партија Фидес. Од друга страна, власта возвраќа со контраобвинувања, тврдејќи дека токму опозицијата стои зад поголем дел од пријавените неправилности. Според претставници на Фидес, досега се регистрирани стотици случаи на изборни нерегуларности, а дел од нив веќе се предмет на полициски истраги.


Поради овие сомнежи, изборите ги следат стотици меѓународни набљудувачи, меѓу кои и европратеници, но и набљудувачи поврзани со различни политички групи. И власта и опозицијата имаат воспоставено сопствени канали за пријавување нерегуларности, што дополнително ја подгрева атмосферата.


Опозицискиот лидер Петер Маѓар порача дека ќе ги прифати резултатите само доколку изборите бидат фер и демократски, додека од владејачката страна доаѓаат предупредувања за можни тензии доколку исходот биде оспорен.

Портпаролот на Орбан, Золтан Ковач, дури предупреди и на можни безбедносни ризици, обвинувајќи ја опозицијата дека подготвува сценарија за дестабилизација.


Во ваква напната атмосфера, премиерот Виктор Орбан ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање, нагласувајќи дека високата излезност има јасна порака. „Многу луѓе гласаат. Ова значи само едно: ако сакаме да ја заштитиме безбедноста на Унгарија, ниту еден патриот не смее да остане дома“, порача Орбан.


Овогодинешните избори се сметаат за клучен тест не само за Унгарија, туку и за политичките текови во Европа, со оглед на тоа што резултатот може да има влијание врз односите во Европската Унија, но и врз пошироките геополитички позиции.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија не сакаат да плаќаат за Украина: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ

16.11.2026

Прекинат сообраќајот преку Керченскиот Теснец, во пламен се нафтени и гасни објекти

16.11.2026

Се подготвуваат за најлошото сценарио: Европска држава претстави необичен план

16.11.2026

Бајден во мемоарите за Зеленски: Беше тврдоглав и не покажуваше благодарност

15.11.2026

Украинците нападнаа: Гори петрохемиски комплекс, загина раководител на трафостаница, разурнат мост

15.11.2026

Иран нападнал американска воена база во Бахреин со шест дрона: Прогласена воздушна тревога

15.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Тоневски: Стоп за дивите депонии во Пробиштип

9 месеци ago

ЕУ воведува строги затворски и милионски казни за корупција

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски од Брисел: Македонија заслужува европска иднина со почитување и заштита на националните интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку вреди златното богатство на Македонија и колку тони чува Народната банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија нуди бесплатно живеење во обновени куќи: Нема кирија во следните 10 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија не сакаат да плаќаат за Украина: Мерц се закани со блокада на буџетот на ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекинат сообраќајот преку Керченскиот Теснец, во пламен се нафтени и гасни објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.