петок, април 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Гужви на граница со Грција: ЕЕЅ системот го забави преминот – нови контроли, подолги чекања

by Уредник
13.04.2026
in Македонија

Зголемени гужви и долги задржувања се бележат на граничните премини кон Грција, откако Европската Унија го воведе новиот систем за влез и излез – ЕЕЅ (Entry/Exit System), кој од 10 април почна целосно да се применува.


Според информациите, најголемиот метеж се создава на грчката страна, особено во попладневните часови кога граѓаните се враќаат од продолжениот викенд. На граничниот премин „Дојран“ нема значителни задржувања од македонска страна, но протокот од грчка страна е значително забавен.


Причината за ваквата состојба е новиот дигитален систем кој го заменува досегашното рачно печатирање на пасошите. Со него, секој патник мора да помине низ електронска регистрација, што вклучува фотографирање, земање отпечатоци од прсти и автоматска проверка на дозволениот престој во Шенген зоната.


Овие процедури значително го продолжуваат времето на проверка, особено во периоди на зголемен сообраќај како празници и викенди. Дел од патниците сведочат дека токму новиот систем е главната причина за забавувањето, бидејќи обработката на податоците оди побавно од очекуваното.


ЕЕЅ системот има за цел да воведе построга контрола на влезот и излезот во Европската Унија, преку прецизно следење на престојот на странските државјани, особено правилото за максимум 90 дена во период од 180 дена.


Сепак, неговото воведување веќе создава практични проблеми на терен, со долги колони и нервоза кај патниците. Очекувањата се дека ваквите гужви ќе продолжат и во наредниот период, особено во екот на туристичката сезона.


Надлежните апелираат граѓаните да бидат трпеливи, да ги следат информациите за состојбата на граничните премини и, доколку е можно, да избираат алтернативни термини за патување со цел да се избегнат долгите чекања.

Related Posts

Започнува реализацијата на проектот за колектор и пречистителна станица во Тетово: Одбран оператор, изведбата ќе започне по административните постапки

Започнува реализацијата на проектот за колектор и пречистителна станица во Тетово: Одбран оператор, изведбата ќе започне по административните постапки

17.04.2026
МВР спроведува голема безбедноснa вежба на охридскиот аеродром

МВР спроведува голема безбедноснa вежба на охридскиот аеродром

17.04.2026

Ексдржавниот правобранител, Фехми Стафа, признал вина дека примил поткуп, оди во затвор

16.04.2026

Меџити: ВЛЕН ќе одржи прв конгрес на 9 мај, десничарска партија со двајца копретседатели

16.04.2026

Меџити: ДУИ по две децении власт остави проблеми со правосудниот испит

16.04.2026

Министерот Алиу со одлични вести за специјализантите

16.04.2026

Препорачани Вести

38-ГОДИШЕН ЖИТЕЛ НА СТРУМИЦА ПРИЗНАЛ ДЕКА „ЌАРИЛ“ ПОВЕЌЕ ОД 15.000 ЕВРА СО ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ – ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВАЛ КАКО „ЛЕКАР“

2 месеци ago

Македонец уапсен во Тирана – има дебело криминално досие, а бил баран со години!

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Wolt пристигна во Битола: 30% попуст и 14 дена бесплатна достава за нови корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: „Џез фактори фестивалот“ ја позиционира Битола како регионален културен центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Коњановски: Решаваме долгогодишен проблем со паркирањето во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најубавите вински региони за 2026: Број 1 е вистинско изненадување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ на работ на демографски шок: До 2100 година ќе изгуби над 50 милиони жители

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.