недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Започнува реализацијата на проектот за колектор и пречистителна станица во Тетово: Одбран оператор, изведбата ќе започне по административните постапки

by Redakcija
17.04.2026
in Македонија
Започнува реализацијата на проектот за колектор и пречистителна станица во Тетово: Одбран оператор, изведбата ќе започне по административните постапки

Проектот за изградба на колектор за отпадни води и пречистителна станица во Тетово, кој беше најавен уште во 2023 година како едно од клучните инфраструктурни решенија за неколку тетовски села, сè уште не е влезен во фаза на реална изведба, иако од локалната власт уверуваат дека процесот конечно се придвижува.

И покрај повеќекратните најави и отворања на постапки, тендерската процедура за избор на изведувач беше повторувана неколку пати и досега не резултираше со почеток на градежни активности. Тоа доведе до значително доцнење на целиот проект, кој првично беше претставен како приоритетен.

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, денеска изјави дека постапката е во завршна фаза и дека е избран оператор и за главниот колектор и за пречистителната станица. Според него, во моментов течат жалбените рокови, по чие завршување се очекува потпишување на договорот и официјално ангажирање на изведувачот.

Касами нагласи дека веднаш по завршување на правните постапки ќе следи и теренска мобилизација на компанијата, со очекување градежните работи да започнат во текот на летните месеци. Тој додаде дека институциите веќе се усогласени околу следните чекори за имплементација.

Во меѓувреме, според него, значаен дел од одложувањата се поврзани и со административни и имотно-правни процедури. Во координација со Делегацијата на Европската Унија, Министерството за финансии и Министерството за животна средина, било инсистирано да се заврши процесот на експропријација на трасата на колекторот. Во таа насока, во надлежните институции биле доставени околу 1.400 предмети за експропријација во релативно краток временски период.

И покрај првичните очекувања дека проектот ќе стартува порано, честите поништувања на тендерите и долготрајните административни постапки значително го пролонгираа неговото спроведување, оставајќи го на чекање еден од најавуваните еколошки проекти во општината.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

(ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

22.11.2026
Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

Рама порача да ги внесеме Бугарите во Уставот, Мицкоски одговори: Тоа е внатрешно прашање

22.11.2026
Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

Архиепископот Стефан со порака до патријархот Кирил: „Духовна мудрост и татковска грижа“

22.11.2026
Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

Девојка од само 18 години заболела од рак на грлото на матката:  Лекарите загрижено  апелираат за  вакцинација против ХПВ

22.11.2026
ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

ФОТО | Во Полска откриен првиот споменик за децата од Егејска Македонија кои никогаш не се вратија дома

22.11.2026
Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

Нето-добивката на Витаминка порасна за 19,5% во девет месеци, извозот падна во третиот квартал

22.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Коњановски: Децата се хероите на Битола, „Мини Трчај бе“ прераснува во препознатлив спортски настан

5 месеци ago
DeepMind го надградува Gemini со емоции: Новата соработка со Hume AI ветува „емоционална свест“ кај вештачката интелигенција

DeepMind го надградува Gemini со емоции: Новата соработка со Hume AI ветува „емоционална свест“ кај вештачката интелигенција

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се трага по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар: Спасувачките екипи повторно на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Од Котор до Цетиње, со траги до Македонија: Како војната на мафијашките  кланови ги вовлекува младите во светот на платените убиства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синот на Милорад Додик предложен за премиер на Република Српска: Игор Додик ќе ја составува новата влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Полска се подготвува за руски напад? Варшава ја зајакнува одбраната по инцидентите со проектили и дрон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.