Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека синоќа имало обид за опожарување на објект на Еврејска заедница во Македонија, како и на синагога во Скопје.
Од МВР информираат дека веднаш по пријавата полициски екипи излегле на терен и презеле активности за утврдување на околностите и пронаоѓање на сторителите.
При увидот, во дворот на верскиот објект бил пронајден канистар со гориво, што укажува на намера за предизвикување пожар. На влезната врата, според објавените фотографии, се забележуваат и видливи траги од горење.
Информациите за инцидентот беа споделени и од Амбасада на Израел во Северна Македонија, од каде објавија фотографии и видео материјали од местото.
Надлежните институции најавуваат дека истрагата е во тек и дека ќе се преземат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот.












