вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Милановиќ: Самитот Брдо-Бриони откажан поради односите со Вучиќ

by Redakcija
14.04.2026
in Балкан

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека сè уште нема договор за нов датум за одржување на состанокот на Процесот Брдо-Бриони, нагласувајќи дека одлуката за негово откажување била неизбежна поради однесувањето на српскиот претседател Александар Вучиќ.

По посетата на основно училиште во Риека, заедно со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, Милановиќ изрази жалење што самитот нема да се одржи, оценувајќи дека станува збор за важен форум за регионален дијалог.

„Жалам што дојде до ова, но беше невозможно да се организира средбата во вакви услови. Изјавите што ги слушаме во последно време се непримерни и ја ставаат Хрватска во незавидна позиција како домаќин“, истакна Милановиќ.

Тој додаде дека не може постојано да одговара на тврдења дека Хрватска претставува закана за Србија, оценувајќи дека таквиот наратив е неприфатлив.

Од своја страна, Пирц Мусар нагласи дека Процесот Брдо-Бриони ќе продолжи, иако во моментов не е познато каде ќе се одржи следната средба.

„Заеднички ќе работиме на изнаоѓање нов организатор и термин, бидејќи дијалогот во регионот мора да продолжи“, изјави таа.

Инаку, Милановиќ на 30 март официјално го откажа самитот што требаше да се одржи во мај, образложувајќи дека актуелните политички изјави и постапки од Белград се спротивни на целите на иницијативата и негативно влијаат врз односите во регионот.

Во реакција, Вучиќ изјави дека состанокот не морал да биде откажан поради него, додавајќи дека Хрватска можела да покани други учесници наместо него.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

17.11.2026
Три автомобили опожарени за само три часа во Скопје

Горат автомобили и локали во Белград: Се проверуваат сомнежи за организирано рекетирање

16.11.2026
Истрага за брутално убиство во Србија: Пронајдено тело во буре, уапсени 10 лица меѓу кои и полициски началник

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград: Осомничен дека пукал во поранешен водач на навивачите на Партизан

16.11.2026

13 загинати пожарникари во Грција годинава: Претседателот на здружението со солзи го прозва Мицотакис

15.11.2026

Србија го раскинува договорот со фирмата на зетот на Трамп за Генералштабот во Белград

15.11.2026
Српски аналитичар бара истрага за „Алта банка“ во Србија: Се сомнева во фиктивни уплати и празен трезор

Српски аналитичар бара истрага за „Алта банка“ во Србија: Се сомнева во фиктивни уплати и празен трезор

14.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Димитровски: Битола е љубов и за неа вреди да се даде сè

6 месеци ago
Очевидец со детали за организацијата и безбедноста во „Пулс“

Очевидец со детали за организацијата и безбедноста во „Пулс“

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Станови во Охрид од 1.350 евра за квадрат: Државата објави оглас за продажба на 51 стан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.