вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Тајни пораки, фалсификуван сертификат и тендери: судењето за Татјана  Димитровска открива шокантни детали

by admin
21.04.2026
in Македонија

Судењето против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, продолжува во Основниот кривичен суд Скопје, каде Обвинителството презентира нови докази поврзани со обвиненијата за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат во рамки на предметот „Адитив“.


Според обвинението, Димитровска како службено лице во периодот од мај до декември 2024 година на неповикано лице, обвинето во предметот „Адитив“, му доставувала податоци кои се класифицирани како службена тајна, што според закон не смеела да ги сподели.


Обвинителството тврди дека дел од тие информации биле испраќани преку комуникации на мобилни апликации, а во судницата биле презентирани и пораки кои, според обвинителите, покажуваат како обвинетите разменувале доверливи документи и податоци поврзани со работењето на ТЕЦ Неготино.


Според презентираните докази, одредени информации кои биле испраќани вклучувале извештаи за производство на електрична енергија, набавки на мазут и финансиски биланси, кои, како што наведува обвинителството, помогнале одредени фирми да аплицираат и да добијат тендери.


Покрај обвинението за оддавање службена тајна, Димитровска се товари и за компјутерски фалсификат. Според обвинителството, таа незаконски се стекнала со безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации, така што друго лице – ревизор од Државниот завод за ревизија – го полагало тестот наместо неа.


На последното рочиште, како доказ бил презентиран и самиот сертификат, за кој обвинителството тврди дека е стекнат со фалсификување, додека биле изведени и дополнителни материјали поврзани со евентуален судир на интереси и други активности во периодот кога таа раководела со Комисијата.


Одбраната на Димитровска ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека информациите кои биле споделувани не претставувале службена тајна, туку биле веќе разгледувани на седници и дел од нив биле јавно достапни. Самата обвинета на почетокот на процесот се изјасни дека не се чувствува виновна.


Во овој случај, покрај Димитровска, обвинети се и други лица, меѓу кои и вработени во ТЕЦ Неготино и ревизор од Државниот завод за ревизија, кои, според обвинителството, учествувале во незаконските активности поврзани со предметот „Адитив“.


Судењето продолжува со изведување на нови докази, меѓу кои се очекува да бидат презентирани дополнителни комуникации и документи, со кои обвинителството ќе се обиде да ги поткрепи наводите за злоупотреба на службената положба и незаконско постапување, додека одбраната останува на ставот дека не постојат елементи на кривично дело.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

10.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Искршени мермерни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров, полицијата го истражува случајот

Искршени мермерни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров, полицијата го истражува случајот

2 дена ago

Тајни 350.000 евра во ѕид: Почна судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Со BAE Systems разгледуваме центар за заштита на енергетскиот сектор од сајберзакани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Храната поскапува побавно од вкупната инфлација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО + ВИДЕО | УЖАСНИ СЦЕНИ ВО БУГАРИЈА Над 10 загинати, десетици повредени и повеќе од 50 судрени возила кај Јамбол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продажбата на групацијата Адинг порасна за 7,4%, добивката пред данок се намали за 3,1%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ви стигна СМС од банката? Направете ја оваа проверка пред да кликнете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.