вторник, октомври 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО: Иран заплени два товарни брода во Ормутскиот теснец, растат тензиите

by Redakcija
23.04.2026
in Свет

Иранскиот корпус на Револуционерната гарда објави видео-снимка од акцијата за запленување на товарниот брод „MSC Epaminondas“, кој беше пресретнат во Ормутскиот теснец, во инцидент што дополнително ги заостри тензиите во регионот.

На видеото се гледа како иранските сили се приближуваат кон бродот и ја преземаат контролата врз него. Станува збор за еден од двата брода што беа запленети во текот на вчерашните настани во теснецот.

Според иранската новинска агенција Фарс, во период од неколку часа биле нападнати три трговски брода. Едниот бил погоден и насукан во близина на иранскиот брег, додека „MSC Francesca“ и „MSC Epaminondas“ биле запленети и пренасочени кон иранска територија.

Поморската разузнавачка компанија „Vanguard“ соопшти дека еден од бродовите бил нападнат на околу шест наутички милји од иранскиот брег, по што му било наредено да го спушти сидрото. Пријавени се оштетувања на трупот и на сместувачките капацитети.

Британската агенција за поморска безбедност UKMTO претходно информираше дека врз бродот „Еуфорија“ бил отворен оган западно од Иран, но без повредени членови на екипажот.

Иранските медиуми, повикувајќи се на морнарицата на Револуционерната гарда, тврдат дека запленетите бродови „пловеле без соодветни дозволи“ и „ја загрозиле поморската безбедност“.

Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не ги смета овие акции за прекршување на прекинот на огнот, и покрај тоа што продолжува американската блокада на бродови кои пловат кон иранските пристаништа.

На бродот „MSC Francesca“ се наоѓаат и четворица црногорски морнари. Министерот за поморски работи на Црна Гора, Филип Радуловиќ, потврди дека сите членови на екипажот се безбедни и дека се водат преговори меѓу бродската компанија и иранските власти.

Инцидентите во Ормутскиот теснец повторно го ставаат во фокус еден од најважните светски поморски коридори, низ кој поминува значителен дел од глобалниот транспорт на нафта и гас.

The Islamic Revolutionary Guards Corps (IRGC) has released footage of the IRGC-N seizure of the two cargo vessels, the MSC Francesca and the Epaminondas, in the Strait of Hormuz earlier today. Per the White House press secretary, U.S. President Donald J. Trump does not consider… pic.twitter.com/p3z0n2sFz6

— OSINTdefender (@sentdefender) April 22, 2026

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Макрон контра Трамп: Нема отстапки пред руските закани

13.10.2026

Кос: Билатералните прашања не треба да се внесуваат во процесот на проширување

13.10.2026

САД се закануваат со блокирање на оружјето за Украина, тврдат европски извори за „Фајненшл тајмс“

13.10.2026

ЕК: Нема знаци дека Русија го почитува најавеното енергетско примирје

12.10.2026

Продолжен прекинот на летовите во Ријад, отворањето на аеродромот останува неизвесно

12.10.2026

Пресврт што ќе го разбесни Путин: Ова е досега најсилниот удар врз Москва

12.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Одлични вести за возачите – Ова е новата цена на дизелот

4 месеци ago
Инфлацијата во ЕУ може да се зголеми под притисок од енергетската криза

ЕУ ги менува автомобилите од темел: Од 7 јули ништо нема да биде исто

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Гласот на Македонија да биде присутен во обликувањето на европските климатски приоритети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ММФ со повисока прогноза за Македонија: Економскиот раст годинава се очекува да достигне 3,5 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четири цифри, голем ризик: Кои комбинации да ги избегнувате за ПИН на картичката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казни од 500 до 1.500 евра за неоправдано недоаѓање на преглед за воен рок во Хрватска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.