вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Изет Меџити: ВРЕДИ се обединува во една партија на 9-ти мај, по што ќе следува реконструкција на Владата

by Redakcija
24.04.2026
in Македонија

Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) на 9-ти мај ќе одржи обединувачки конгрес преку кој ќе прерасне во една политичка партија со центар-десно ориентирана идеологија. Ова го најави еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити, во гостувањето во дневникот на телевизија Сител, каде што зборуваше за новата структура на партијата, претстојната владина реконструкција, евроинтеграциите и укинувањето на Пржинската влада].

 

Меџити посочи дека обединувањето во една партија има за цел да донесе вистинска конкуренција на политичката сцена. „ВЛЕН направи се, монополизирана албанската сцена, значи политичка сцена во Македонија да се воведе конкуренција, да се укине тој монопол ДУИ над 20 години“, изјави Меџити, нагласувајќи дека силната опозиција е во интерес на народот и гласачите. Изборот на 9-ти мај за конгрес не е случаен, бидејќи симболизира посветеност кон европските вредности кои се нивен врвен приоритет.

 

Новата партија ќе воведе демократски новитети карактеристични за европските држави, како што е системот на копретседателство. „Јас и Билал Касами ќе бидеме копретседатели, генерален секретар Беким Сали, и потпретседатели Беким Ќоку и Мимоза Муса“, откри Меџити, додавајќи дека во поширокото претседателство ќе бидат вклучени и сите министри, градоначалници, пратеници и заменици министри. Тој предвидува дека во иднина во албанскиот политички блок главни чинители ќе бидат само ВЛЕН и ДУИ, додека помалите партии ќе мора да се претопат во едните или во другите.

 

Запрашан за најавената реконструкција на владиниот кабинет, Меџити потврди дека начелно се договорени со премиерот Христијан Мицкоски за промени во Владата, но деталите ќе се договараат по завршувањето на партискиот конгрес.. При евалуацијата, најважни ќе бидат резултатите и остварувањата на функционерите.

 

Во однос на Арбен Фетаи и неговото евентуално заминување од владата за позицијата специјален претставник во Брисел, Меџити истакна дека нема против таква одлука. „Има голем придонес значи кога имаше обид да се дестабилизира владата и ВЛЕН… има вредности, може да придонесе за државата“, рече Меџити. За статусот на министерот за здравство, Азир Алиу, тој посочи дека информациите засега се само на ниво на шпекулации и дека ресорите дополнително ќе се утврдуваат.

 

Говорејќи за евроинтеграциите, Меџити ја критикуваше претходната власт на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека со години не направиле „милиметар“ раздвижување на процесот. Тој изрази надеж дека од новата влада во Бугарија ќе пристигнат позитивни сигнали за надминување на билатералниот проблем. 

 

Меџити не се согласува со тезата дека државата треба да чека со децении за влез во ЕУ и нагласува дека мора да се фати чекор со регионот. „По секоја цена да најдеме решение и да чекориме кон Европска Унија бидејќи тоа е единствена перспектива за граѓаните… Јас сум оптимист дека ќе фатиме чекор заедно со Албанија, Црна Гора ќе се приклучиме и ќе бидеме членки на Европска Унија“, категоричен е лидерот од ВРЕДИ. 

 

Во однос на актуелните законски измени за укинување на техничката (Пржинска) влада, Меџити даде целосна поддршка, истакнувајќи дека тој модел бил донесен за надминување на политичка криза во времето на владеењето на Никола Груевски и дека сега државата е вратена во нормала. 

 

„Македонија е вратена во нормала и нема потреба од експериментирање и од такви модели кои беа за ненормални услови… Ова е битно и за државата и за бизнисот бидејќи кога воведуваме такви мерки како Пржинска влада, тоа е порака, сигнал до надворешните и внатрешните инвеститори дека тука не е стабилно“, заклучи Меџити, потсетувајќи дека последните неколку изборни циклуси биле оценети како најдемократски од страна на меѓународниот фактор. Воедно, тој ги обвини ДУИ за политичко лицемерие, бидејќи во 2023 година и самите барале укинување на овој модел.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

10.11.2026

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

10.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ВИДЕО – Проданоски: „Сите на велосипед“ уште еднаш го обедини Прилеп

6 месеци ago

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Рама во пријавата за туристички комплекси: Албанското Специјално обвинителство проверува како биле одобрени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Со BAE Systems разгледуваме центар за заштита на енергетскиот сектор од сајберзакани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Храната поскапува побавно од вкупната инфлација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО + ВИДЕО | УЖАСНИ СЦЕНИ ВО БУГАРИЈА Над 10 загинати, десетици повредени и повеќе од 50 судрени возила кај Јамбол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.