вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Јаневска: Следува голем скандал што ќе ја изненади јавноста

by Redakcija
24.04.2026
in Македонија

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека наскоро ќе бидат откриени уште посериозни неправилности во одредени институции, оценувајќи дека во системот постојат сериозни пропусти кои ќе бидат третирани согласно законските процедури.

Таа денеска се осврна на случајот со Филозофскиот факултет при УКИМ, каде што, според наодите на Државниот просветен инспекторат (ДПИ), од 2019 година биле вршени незаконски уписи на студенти на втор и трет циклус студии, иако нивните претходни додипломски студии не ги исполнувале потребните услови.

Според информациите, станува збор за седум студенти запишани на магистерски и четворица на докторски студии. Нивните уписи се поништени, а студирањето е прекинато. Во меѓувреме, осум лица имаат магистрирано, додека никој досега не докторирал. Засега не е донесена конечна одлука за важноста на веќе издадените дипломи.

Јаневска истакна дека ДПИ постапувал по претставки и утврдил прекршувања, по што се донесени соодветни решенија.

„Министерството и Државниот просветен инспекторат немаат избор, мора да постапуваат по закон. Разбирам револт кај студентите, но постојат институции каде што можат да ги остварат своите права“, изјави Јаневска при посета на Стоматолошкиот факултет при УКИМ.

Таа додаде дека извештајот од инспекцијата ќе биде обработен во текот на викендот, а од понеделник ќе се носат конкретни решенија. Според неа, одговорноста за пропустите ќе се утврдува, без разлика дали се работи за администрација, раководство или студенти.

Јаневска нагласи и дека Агенцијата за квалитет во високото образование во претходниот период не спровела евалуации, додека во последните месеци се утврдени повеќе неправилности.

Ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, изјави дека случајот се однесува на периодот меѓу 2019 и 2022 година и дека станува збор за затекната состојба од претходно раководство. Таа посочи дека конечен став ќе биде даден по завршување на инспекцискиот надзор.

„Мора да се почека конечниот извештај и да се постапи согласно законот. Сè што ќе се утврди ќе биде основа за идни одлуки“, изјави Ангелова.

Таа додаде дека ќе се разгледаат можности за надминување на ситуацијата, вклучително и евентуални нови акредитации или презапишување на студенти, но нагласи дека законските услови мора да бидат исполнети.

Ангелова е кандидат за втор мандат како ректор на УКИМ, а изборите ќе се одржат на 28 април. Нејзин противкандидат е професорот Дарко Данев од Машинскиот факултет.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

10.11.2026

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

10.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Утре без струја делови од тетовско

1 месец ago

Општина Битола: Нови пешачки семафори кај плоштадот „Гоце Делчев“ и Камен мост за поголема безбедност

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Рама во пријавата за туристички комплекси: Албанското Специјално обвинителство проверува како биле одобрени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Со BAE Systems разгледуваме центар за заштита на енергетскиот сектор од сајберзакани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Храната поскапува побавно од вкупната инфлација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО + ВИДЕО | УЖАСНИ СЦЕНИ ВО БУГАРИЈА Над 10 загинати, десетици повредени и повеќе од 50 судрени возила кај Јамбол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.