четврток, септември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

(ВИДЕО) Ужас на саем во Севиља: се скина кабел на адреналинска капсула падна на земја – 4 лица повредени меѓу нив и деца

by admin
26.04.2026
in Магазин

Четири лица, меѓу кои и две деца, се повредени по дефект на атракција на саем во Шпанија, во инцидент што предизвика шок и паника кај присутните.


Несреќата се случила на саемот во Севиља на 24 април околу 20:20 часот, кога атракцијата од типот „slingshot“ – позната како „обратен банџи“ – доживеала сериозен дефект.


Според сведоштвата и видеото кое се прошири на социјалните мрежи, капсулата со двајца патници – деца – била истрелана високо во воздух, по што при спуштањето пукнал еден од каблите. Поради тоа, капсулата нагло паднала и удрила во дел од конструкцијата пред да заврши на земја.


По падот, децата останале да лежат на подот, додека присутните во паника се обидувале да помогнат, а набргу пристигнале и службите за итна помош.
Од службите за итни случаи во Севиља соопштија дека вкупно четири лица се здобиле со полесни повреди. Две лица биле згрижени на лице место, додека двете деца, кои биле во капсулата, биле пренесени во здравствена установа за дополнителни прегледи.
„Четири лица се повредени со полесни повреди. Брзата реакција на сите служби овозможи ситуацијата да биде ставена под контрола“, се наведува во соопштението.


Локалната полиција извршила увид и ја проверува документацијата за атракцијата, додека шпанската национална полиција отвори истрага за утврдување на причините за дефектот.


Инцидентот отвори сериозни прашања за безбедноста на забавните атракции, особено оние кои функционираат со висок ризик и големи брзини.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Related Posts

Дневен хороскоп за 3 септември: Ден за важни одлуки, љубовни пресврти и нови можности

03.09.2026

Со просечна плата пропатувала половина свет: Марија не плаќа сместување, а открива како го прави тоа

02.09.2026

По 10 години истражување археолозите веруваат дека го пронашле библискиот град Витсаида: Местото каде што Исус правел чуда?

02.09.2026

Иако се здрави, смоквите не се за секого: Еве кој треба да внимава со ова овошје

02.09.2026

“Taste the South“ – четврто издание на фестивалот што го слави вкусот и духот на југот

02.09.2026

Дневен хороскоп за 2 септември: Големи пресврти за некои знаци, љубовни изненадувања за други

02.09.2026

Препорачани Вести

Извештај за 2025: Битола пример за транспарентност и институционален интегритет

5 месеци ago
„Патот до Атлантида“ на длабочина од 3.000 метри: Колку малку го познаваме морското дно

„Патот до Атлантида“ на длабочина од 3.000 метри: Колку малку го познаваме морското дно

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија на патот Охрид-Кичево: Возило се запалило по удар во кучиња, починал возачот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: ДУИ да каже дали ги негира изјавите на Г’зим Острени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 3 септември: Ден за важни одлуки, љубовни пресврти и нови можности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.